18 Декември, 2025
0.0901

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО ДЕНОВИТЕ ПРЕД СМРТТА НА 22-ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ: Не ми е јасно како го изгубивме - сведоштво на брат му

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2021 09:02

Добивај вести на Viber

Семејството на починатиот 22 годишен битолачанец во отворено писмо до јавноста ги објаснува деновите пред смртта на нивниот брат и син. Велат дека првите три дена по појавата на болеста редовно оделе на лекар но никој не препознал дека е сериозно. Имаат извештаи од прегледите и велат дека имало шанси да се спаси младиот живот.

Во писмото стои дека на сега починатиот ковид му бил дијагностициран на 9 октомври. Веднаш било почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му била 39.2°C. Брат му во писмото вели дека починатиот не бил вакциниран против КОВИД-19 и со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа.

„Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на Инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100 од мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин, вели во обраќањето.

Следниот ден сега починатиот повторно имал температура, но добра сатурација и по прегледот во болницат аво Битола повторно бил пуштен дома со температура од 38°C, отежнато дишење и кашлица. Веќе третиот ден бил хоспитализиран и ставен на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите.

„Следните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.
Во собите на пациентите оставени се броеви за помош од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125 килограми, 180 сантиметри висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме, вели брат му на поочинатиот. 

Тврди дека во случајот со брат му се покажало дека здравството е сосем нефункционално. Со емоции се простува од прерано починатиот брат. 

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска