Што си купи Страшо Милковски со 260.000 евра?
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2021
Најголемите и успешни транзициски директори станаа корпоративни маркет-мејкери на Македонската берза за хартии од вредност. По Хари Костов, главниот извршен директор на „Комерцијална банка“ и првиот човек на гигантот „Гранит“ Страшо Милковски купи акции во компанијата со која раководи. Милковски на берза плати околу 260.000 евра за 0,4 отсто од акциите на „Гранит“
Страшо Милковски, претседателот на Управниот одбор на „Гранит“ и човек кој 25 години е на чело на најголемата домашна градежна компанија, силно ја изненади домашната инвеститорска јавност. Милковски вложи речиси 260.000 евра во акции на компанијата со која раководи (проценката е правена врз основа на цените од последните две објавени блок трансакции кои претходеа на објавата за вложување н.з.). Долгогодишниот директор и претходно пратеник на СДСМ, родум од Делчево, купи вкупно 12.781 акција со право на глас во „Гранит“ што претставува нешто повеќе од 4 отсто од акциите со право на глас.
Информативниот сервис на нашата берза СЕИ – НЕТ објави дека Милковски купил 12.781 акција во компанијата со која раководи од далечната 1996 година. Според последната цена од поголемата блок транакција реализирана на 8 февруари Милковски во акции на компанијата што ја води вложи сума од окоу 260.000 евра. Цената по акција била 1.250 денари за купени 12.000 акции. Истиот ден е реализирана уште една трансакција со која се купени повеќе од 6.000 акции во цена од 1.3000 денари. Тоа е една од позначајните суми кои менаџери на големи домашни компании ги вложувале во купување акции во фирмите што ги водат. На овој ценовен сигнал веднаш реагираше домашната инвеститорска заедница и последната цена на акцијата на „Гранит“ вчера достигна 1.350 денари.
Потегот на Милковски ќе ги зголеми очекувањата за дивиденда на малите акционери, а износот ќе биде во сферата на шпекулации се до објавата на предлог-одлуките за претстојното акционерско собрание.
Воедно цената што акцијата на „Гранит“ ја постигна вчера е највисоката годишна цена на таа акција постигната на нашата берза.
Милковски порано беше најголем поединечен акционер во „Гранит“. Пред неколку години најголем дел од своите акции подели на своите две деца: синот Зоран (8,23 отсто) и ќерката Ивана (8,4 отсто). „Гранит“ е компанија која е интересна и за институционалните инвеститори и во неа акции има приватниот задолжителен пензиски фонд „Сава Осигурување“ и отворениот инвестициски фонд МБИ-10 на инвестициското друштво КБ Публикум.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.