Што содржи португалскиот предлог?
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2021 15:44
Во португалскиот предлог за спорот со Бугарија се вклучени очекувањата на двете страни.
Ова го тврди премиерот Зоран Заев. Но, тој нема детали за страната на Бугарија односно за Софија како го разгледува предметот.
„Но, според мене мислам дека португалското претседателство, португалскиот министер Агуста Силва заедно со неговиот тим воделе грижа за двете страни за да бидат вклопени очекувањата, кај нас рековме дека тоа е добра база, појдовна основа за решение, ние го дискутираме сериозно и веќе се одржаа неколку состаноци и ќе продолжат секако во текот на оваа седмица да се одржуваат, исто така гледам дека и во бугарската страна имајќи ја во предвид резолуцијата освоена во нивниот парламент, ставовите на бугарската страна тие го имаат сето тоа што е важно соодветно и алоцирано, дали е во договор за асоцијација и стабилизација, дали е во роуд мап или патната карта којашто претставува обврска на двете страни во идното позабрзано реализирање на договорот за пријателство и добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија или без разлика дали се работи за прашања коишто ниту еден народ не ги разговарал така и ние тоа е нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет се секако строго заштитени но истовремено ја има опфатено и бугарската страна тоа е реалноста за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и секако си имаат свое право како што тоа го регулираат согласно нивните документи или резолуции да остане прашање за коешто и понатаму може да се разговара. Заради тоа што во неколку наврати јас до сега реков а и многу други наши високи политички личности дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае и официјално македонскиот јазик и македонскиот идентитет така да имаме еден важен документ јас сум многу позитивно изненаден заради тоа што една земја членка којашто е буквално на другата јужна страна од европскиот континент, не е толку блиску до Балканот е толку детално упатена, навлезена, креативна, инвентивна за да се изнајде решение затоа рековме дека секојпат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни“, истакна Заев.
Верува дека во Рим македонскиот и бугарскиот претседател ќе изнајдат некаков исчекор во надминување на проблемот кој како што потенцира дефинитивно ја кочи не само нашата туку и европската интеграција на целиот Западен Балкан. Сепак бугарската страна не беше воодушевена од овој предлог и остана на тврдите ставови. Тие бараат гаранции. Велат дека не сакаат нивните национални интереси да бидат загрозени. Македонската страна кажа дека тоа е добра основа за надминување на спорот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





