ШТО СРАБОТЕ СЈО: Катица Јанева ќе отчетува, ама не пред пратениците!
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 10:08
Тимот на Катица Јанева денеска пред јавноста треба да соопшти што сработел од 15 септември лани до 15 март годинава, oдносно да го поднесе третиот шестмесечен извештај за својата работа.
СЈО како институција е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обивнители, но овој пат Јанева ќе отчетува само пред јавните обивнители бидејќи Собранието не функционира.
Јавноста очекува да слушне до каде е истрагата за прислушуваните материјали, а и да се споменат покренатите истражни и предистражни постапки кои ги води ова обвинителство и како СЈО ќе ги оправда финансиските ставки и потрошени пари од буџетот кои се наменети за нив.
Крајниот рок до кој СЈО може да поднесува обвиненија е јуни, а правната активност на оваа институција ќе трае пет години.
Кои случаи ги покрена СЈО во изминатите шест месеци?
Ако направиме кратка анализа, нови „Т“ случаи кои ги покрена СЈО се „Тарифа“ и „Тенк“.
Во случајот со кодно име „Тенк“ СЈО истражува кој му ја исполнил желбата на екс премиерот Никола Груевки и како се одвивала набавката на скапиот мерцедес од 600 илјади евра.
Со наредбата за спроведување на истражната постапка во случајот „Тарифа“ опфатени се седум лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 од КЗ, соопштија од СЈО.
Во конкретниот случај постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.
Дел од отчетот ќе одземе и повлекувањето на СЈО од случајот Пуч, добивањето зелено светло да го преземе случајот Сопот и пречките со кои ова обвинителство се соочуваше во текот на овие шест месеци.
Во јавноста досега најбудно се следеше блегувањето на СЈО во задржувањето на еден истражител кој го следел поранешниот шеф на тајната служба Сашо Мијалков.Потоа следеше проширување на истрагата за случајот “Титаник” со нови 17 имиња меѓу кои се најде и екс премиерот Груевски, Илија Димовски и Мартин Протуѓер.
„Титаник“ е истрага за изборни измами.
Најновата истрага која е во тек и го има најголемото внимание на јавноста е новиот случај “Труст” против сопственикот на телевизија Нова Сеад Кочан по кој се трага со меѓународна потерница.
Во предметот „Труст“ осомничени се Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, кои во 2012 година биле сопственици или управителина фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“и со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. На Василие Авировиќ судија на претходна постапка му одреди мерки на безбедност, меѓу кои и забрана за комуницирање со одредени лица.
Единствено во овие шест месеци СЈО не успеа да обезбеди материјали за случајот “Монструм”.
Вториот шестмесечен извештај СЈО го објави на 15 септември, на годишнината на основањето, а токму тој ден соопшти и за двете обвиненија кои тимот на Јанева ги поднесе до Кривичниот суд.
Првиот извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од 15 март, беше повод за жестоки расправии меѓу СЈО и Советот на јавни обвинители. Советот инсистираше Јанева лично да образложи делови од извештајот, поради што седниците за негово разгледување беа неколкупати одложувани. Недоаѓањето на Јанева беше повод за кавга меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Неодамна СЈО апелираше за продолжување на рокот за истраги бидејќи како што рекоа рокот од 18 месеци е прекус за целосни и објективни истраги за предметите кои произлеуваат од снимките од незаконското прислушување.
Поголем дел од сите случаи на СЈО ставија акцент на евентуални злоупотреби на високите државни функционери, а оваа институција се изјасни за одговорно за 34 случаи.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




