Што треба да направат граѓаните за да добијат незагаден воздух?
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017
Се повторува големата загаденост на воздухот во последните три ноќи. Високи нивоа на ПМ10 честици неколку пати над дозволеното почна да го палат алармот.
Аеродром во Скопје со најзагаден воздух 854 микрограми на метар кубен . Жителите на Лисиче не се ништо подобри 577, а кај Ректорат 532 микрограми на метар кубен.
Меѓутоа, не само Скопје. Воздухот константно е загаден и во Тетово, Куманово, Битола, Кавадарци.
До кога мерните станици ќе го палат и гасат алармот за рекордната загаденост во државата, не се знае. Надлежните преземаа мерки, но очигледно забраната за автомобили на Водно не вроди со никаков плод. Па оттука ги прашуваме властите до кога вака?
Што треба да направат граѓаните за да почнат да дишаат чист воздух?