26 Ноември, 2024
0.0262

ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧИЛО ВО БРИСЕЛ - колку тежи првата бугарска блокада

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

На првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), нашата држава денеска е блокирана од Бугарија. Ова е првиот негативен сигнал од Бугарија за европската интеграција на Северна Македонија.

Ова го кажа премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Всушност, КОРЕПЕР е кратенка за Советот на амбасадори на земјите членки на ЕУ. На нивниот денешен состанок требало да биде ставен предлог за нацрт преговарачката рамка за земјава и за Албанија. Доколку на тој состанок ниту еден од амбасадорите, односно ниту една земја немала против, тоа потоа како предлог се праќа до ГАК, односно до Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, а потоа и до Советот на премиерите, кои формално ја потврдуваат таа одлука.

Според неофицијални информации, две земји имале план да дадат негативен став на овој предлог, а тоа е Бугарија за Македонија, и Холандија за Албанија. Ова со оглед на фактот што холандскиот парламент изгласа за Албанија да не се одобри почеток на преговори. Но, ако за двете земји се предлага преговарачка рамка во пакет, тоа и за земјава би можело да биде своевиден хендикеп, бидејќи Холандија не може да одобри почеток на преговорите и за двете земји.   

А според неофицијални информации на Фактор, бугарскиот амбасадор бил воздржан на денешниот состанок на КОРЕПЕР, што практично е блокадата за која зборуваше премиерот Зоран Заев. 

ГАК најчесто ги следи предлозите на КОРЕПЕР, но сега се остава шанса во последен момент да се надмине бугарската блокада.

Затоа и нашите извори велат дека состанокот на ГАК е одложен за 17 декември, иако како официјална причина е наведено ширењето на вирусот ковид 19. Но, неофицијална причина би можела да бидат натамошни обиди да омекне тврдиот бугарски став кон земјава, односно двете земји да ги надминат недоразбирањата.

Сепак, дури и на ГАК да се даде зелено светло за првата меѓувладина конференција за Македонија, процедурата за нејзино одржување не е така едноставна. Затоа одредени извори стравуваат дали ќе има време до крајот на годинава да се организира конференцијата, со оглед што доаѓа и католичкиот Божик.   

А денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Бугарија денеска го прекршила членот 2 од Договорот за добрососедство, во кој се вели дека соседот треба да и помага на Северна Македонија на патот кон членството од Европската Унија.

„Имаме прва блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство, рече кусо Заев и дополни дека за тоа е информиран од Брисел, без да изнесе детали. Тоа за него е непријателски сигнал и додаде дека тоа значи дека е стопирана првата фаза од креирањето на преговарачката рамка помеѓу Македонија и ЕУ.

„Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во понеделник е предвидена средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во рамки на Берлинскиот процес, но Заев рече дека можеби нема да дојде до средбата, откако претседателот на бугарската влада објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Ќе можеме да се видиме и поразговараме со Борисов ако е во добро здравје, ако не, ќе одржиме онлајн самит“, додаде Заев.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав