Штрајк на вработени му се заканува на Амазон на „Black friday“
Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2017 09:28
Гигантот во онлајн трговијата Amazon се соочува со тежок Црн петок во Италија и Германија, каде персоналот на дистрибутивни центри на компанијата ќе штрајкува денес, пренесоа агенциите.
Во Италија ќе биде погоден големиот дистрибутивен центар чии вработени ќе инсистираат на подобри плати и работни услови во еден клучен ден на продажба.
Исто како и остатокот од Европа, во последните години и Италијанците ја прифатија американската традиција за големи попусти во денот по Денот на благодарноста - Црн петок.
Според информација на водечките италијански синдикати над 500 работници од објектот во Кастел Сан Џовани, во северната провинција Пиаченца, нема да ги извршуваат своите должности од 6 часот. Од утрото во петокот до 6 часот наутро во саботата.
Во изјавата синдикатите ја критикуваат американската мултинационална компанија за тоа што одбива да преговара за повисоки плати и бонуси и покрај "огромниот раст" на Amazon на италијанскиот пазар, на кој работи седум години.
"Има пари за редистрибуција", велат синдикатите.
Во Германија синдикатот Verdi соопшти дека вработените од шест дистрибутивни центри исто така ќе штрајкуваат како дел од долготрајниот спор околу платите и условите.
"Најголемиот онлајн синџир на малопродажба во светот сака да постигне рекордни продажби на овој ден, но вработените треба да се платат рекордно не само во овој ден, за да може сè да врви како Amazon што сака", коментира Стефани Нутценбергер, член на Одборот на Верди.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





