Добивај вести на Viber
Авионите од Загреб денеска не летнаа, патниците се пренесуваат до алтернативните аеродроми во Сплит,Грац и во Љубљана поради штрајкот на четирите синдикати кој започна денеска.
Најавениот прекин на воздушниот сообраќај ќе трае до петок на полноќ, а веќе во вторник ќе започне втората фаза од штрајикот ако не се направат бараните отстапки, бајавуваат синдикатите.
Во меќувреме од управата на аеродромот посочија дека штрајкот е незаконски и вработените имаат договори за работа меѓу најдобрите во земјата. Најава за откажаните летови ја има и на интернет страницата на аеродромот .
Авиопревозниците сега организираа автобуси за развезување на патниците до блиските аеродроми. Патниците кои нема да сакаат да се возат со автобус ќе им бидат понудени и некои други можности, а оние кои ќе се откажат ќе ги добијат назад парите за неискористената карта или картата ќе можат да ја заменат за некој друг лет во компанијата.
Според синдикалците причината за штрајкот е неспроведувањето на одредбата на Законот за работа и Колективниот договор во кој се утврдени обврските на работодавецот и по предавањето на компанијата која е нов концесионер, францускиот „ZAIC“, а која го спроведува Договорот за концесија.