05 Декември, 2025
0.0325

Штрајкот продолжува, тужби за директорите што крателе лекарски плати!

Објавено во: Економија 17 Декември, 2012 17:09

Добивај вести на Viber

Двајца директори, од Клиниката за радиологија и од Клиниката за дерматовенерологија ќе добијат тужби бидејќи незаконски им исплатиле скратени плати на лекарите коишто штрајкуваат повеќе од еден мецец, без притоа да дадат соодветно образложение како ги направиле пресметките, изјавија од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. „Во тек се тужби кои денеска ќе бидат поднесени до надлежните институции и до судовите против работодавачите, односно менаџерите и директорите на клиниките каде што тие плати се бесправно исплатени. На овие клиники се прекршени повеќе закони така што би требало тоа да има брза судска разврска“, изјави д-р Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат. Останатите клиники сè уште немаат дадено плата за месец ноември, иако вообичаено платата на клиника се дава најдоцна до 10-ти во месецот. Синдикатот во меѓувреме ги собира и останатите податоци од здравствените клиники надвор од Скопје, по што најавува и можност за нови тужби доколку се забележат неправилности во платите на лекарите кои штрајкуват. Платите доцнат, не само за штрајкувачите, туку и за останатите здравствени работници, посочуваат лекарите. Во меѓувреме, трае преписката меѓу синдикатот и Министерството за здравство.Од Министерството согласно американскиот модел биле понудени корекции на моделот за плаќање по учинок, а кои од лекарите велат дека дополнително ќе бидат разгледани. Тие остануваат на својот став, штрајкот на лекарите продолжува се додека не се дојде до договор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката