29 Јуни, 2024
0.0258

Швајцарците нема да ќарат со квотите за имигранти

Објавено во: Свет 10 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Медиумите во Цирих и Женева денеска остро ја критикуваат одлуката на швајцарските граѓани на вчерашниот референдум, со кој тие се определија за ограничување на бројот на странски државјани кои можат да живеат и работат во Швајцарија. Анализата на гласањето покажала дека луѓето од францускиот дел од земјата гласале против ограничувањето на европските имигранти, додека мнозинство од гласачите во германскиот дел од Швајцарија биле за “рампа„ на границите. Според медиумите, ваквата одлука претставува закана за домашната економија. Швајцарија последниве години се соочува со економска стагнација, голема невработеност и со финански проблеми, но целата ситуација сега се заканува да биде уште посложена, затоа што референдумот во основа беше насочен против ЕУ и нејзините основни определби за отворен пазар на работна сила и за слободно движење на луѓето низ Унијата. Се навестува дури и можност за запирање на договорот за економска соработка меѓу Швајцарија и ЕУ,па тоа дополнително може да го загрози просперитетот на земјата. Швајцарија не е членка на ЕУ, но таа економски е силно поврзана со Унијата преку низа специјални спогодби. На вчерашниот референдум,одржан под мотото „Стоп за масовната имиграција“ само 50,3 отсто од гласачите ги поддржаа заложбите на противниците на прием на странски работници од ЕУ, што ја покажува „длабоката поделба“ што постои во Швајцарија околу имиграцијата, но и околу односите на земјата со Унијата.

Како што и се очекуваше, Европската унија жестоко реагира на ваквиот потег на Швајцарците. Европската комесарка за правда, Вивиен Рединг изјави дека Швајцарија не може да очекува да ги задржи поволностите за слободна трговија со ЕУ, а да ја ограничи слободата на движење.

„Тоа не е можно. Мора да земете сè или ништо“, изјави Рединг за Би-Би-Си.

„ЕУ ќе разгледа импликации од резултатот од гласањето и подготвена е да работи со Владата на Швајцарија на изнаоѓање решение за тоа прашање“, се вели во соопштение од грчкото претседателство со Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?