Добивај вести на Viber
Повеќе компании, главно од Швајцарија нудат работа на речните бродови. Заработките овде се движат од 1000 до 1900 евра, но и повеќе ако се вклучи бакшишот, зависно од работната позиција.
„Најмногу се бараат собарки, готвачи и келнери чија што основна плата е од 1150 до 1300 евра, а можат да заработат уште толку од бакшиш. Ние работиме со швајцарската компанија “Viking” која сака да вработи луге од овие простори, вели Драган Живковиќ од српската агенција Ферон која се занимава со ангажирање на кадар за работа на бродови.
Сезоната стартува од март и трае до ноември или дури и до Јануари. За аплицирање за работа на речен брод преку српската агенција Ферон, покрај познавање на англиски, мошне се цени и е пожелно познавањето на германски јазик. Информациите може да се најдат на нивниот веб сајт
ТУКА, а за работните позиции може да проверите
ТУКА.
Во просек се смета дека заработувачката на речните бродови е поголема бидејќи договорите се пократки, а работата е понапорна. Сепак, ова не мора да значи дека е правило за сите агенции. Оние кои работеле на брод велат дека се зависи од позицијата, но и од среќата.
„Работиме веќе шест години и имаме многу повеќе пријавени од бројот на лица кои можеме да ги вработиме. Доаѓаат и со препораки, а сезоната трае цела година. Немаме ограничување според возраста, единствено според искуството. На пример, проблем е ако некој има 50 години и два месеци работно искуство, но во ред е ако во тие години барем 10 години работно искуство“, вели Ѓорѓе Лештатин, сопственик на агенцијата за вработување на бродот „Safe Cruise”.
Со едноставно пребрување на интернет може да се најдат повеќе агенции кои нудат работа на речните бродови. Станува збор главно за швајцарски агенции, кои не ретко имаат свои претставници и во балканските држави. Една од поголемите е Scylla со седиште во Базел. Нејзиниот веб сајт е
www.scylla.ch. Вакви бродови би можеле да се најдат исто така на швајцарскиот сајт
www.gsellundpartner.ch, но и на интернационалниот
www.riveradvice.com.
Во продолжение потсетување, еве колку се движи заработувачката на овие крузери, без бакшиш:
Собарка: 1,150 – 1,300 евра
Келнер: 1,150 – 1,300 евра
Готвач: 1,200 – 1,600 евра
Гардероба: 1,150 евра
Шеф на кујна: 1,600 – 1,900 евра
Хигеничари: 1,100 евра
Рецепционери: 900 – 1,200 евра
Фотограф: 1,150 – 1,400 евра
Во Македонија, засега работа агенциите нудат пред се на прекуокеанските крузери.