Швајцарски експерти за унапредување на енергетската ефикасност во Македонија
Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017 16:25
Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г. Александар Дуковски и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), г-ѓа Розанди Лоу,потпишаа меморандум за соработка за ефикасна, континуирана и координирана соработка помеѓу ИМЕ програмата иАгенцијата за енергетика во областа на енергетската ефикасност.Меморандумот се однесува на координација на активноститеза развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски измени за операционализација на тој модел.

„Се надевам дека швајцарските искуства во енергетската ефикасност ќе помогнат во развојот на овој сектор во Македонија. Програмата за зголемување на пазарната вработливост веќе направи анализа на секторот, како и на можностите за развој во оваа област, а веќе отпочнавме и конкретни активности за подобрување на енергетската активност во хотелиерството. Со овој меморандум ќе се продлабочи нашата соработка со Агенцијата за енергетика како клучен фактор за развој на овој сектор“, изјави Розанди Лоу, програмски директор на ИМЕ.
Соработката меѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика вклучува стручна помош за изработка на анализа за енергетски услуги во јавниот сектор и потенцијалите за давателите на енергетски услуги, развој на модели за тендерски постапки за енергетските услуги, поддршка за промена на законодавството за имплементација на овие модели, како и промоција на добрите практики за тендерските постапки за енергетските услуги.

Според директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Александар Дуковскиагенцијата се фокусира на зголемена соработка со чинителите во енергетскиот сектор, како во Република Македонија така и надвор од неа.
„Со потпишување на овој меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Програмата за зголемување на пазарната вработливост се продлабочува веќе добрата соработката помеѓу нас и очекуваме дека наскоро ќе има видливи резултати во реална имплементација на мерки за енергетска ефикасност од страна на компании кои ќе работат според моделот за нудење на услуги за подобрување на енергетската ефикасност во секторите каде енергетската интензивност е најголема“, речеАлександар Дуковски.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




