Швајцарскиот филм Скиците на Лу, со Дашмир Рустеми во главната улога, премиерно во Македонија
Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2017 17:02
Швајцарскиот филм ‘’Скиците на Лу’’ , во режија на швајцарската режисерка Лиза Балтер, со Лилиан Амуат и Албанскиот актер од Косово, Дашмир Рустеми во главните улоги, премиерно ќе биде прикажан во Петок, 2 фебруари, во Кинотека на Македонија во Скопје, со почеток од 18 часот. Премиерата ќе се одржи истовремено во Скопје, Тирана и Приштина.

Филмот претставува нежна и суптилна приказна за генерацијата која се плаши од љубов. Лу и Аро несакаат да прифатат дека се поврзани повеќе отколку што се спремни да си признаат, барајки ја слободата која ја негира нивната потреба од создавање семејство.

Филмот беше во селекција на минатогодишниот Филмски Фестивал во Цирих..
Една од двете главни улоги во филмот ја толкува Албанскиот актер од Косово, Дашмир Рустеми, на кого ова му втора ппозначајна улога во швјцарски филмови. Филмот ќе се прикажува истовремено титлуван на македонски и албански јазик.
Дистрибутер на филмот е Гејзер од Скопје.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




