05 Декември, 2025
0.0661

ШВЕДСКА: Никнаа првите домати во поларната област!

Објавено во: Агробизнис 21 Ноември, 2012 14:23

Добивај вести на Viber

 Во малото шведско село Нибин кое што има само 245 жители, од неодамна, беа засадени првите домати во поларната област. Овој засад е планирано да дава род во текот на целата година благодарение на стаклена градина. Планот е годишно да се произведуваат 1.000 тони домати. „Почнавме да расадуваме на 19-ти октомври и првите домати се очекуваат за две недели “, соопшти за новинската агенција Франс Прес, Роџер Нилсон сопственик на стакленикот. „Со големо внимание се очекуваат првите домати. Ние први ќе имаме производство во текот на целата година и постои голема побарувачка за нашите домати во регионот“, додаде тој. Доматите, кои се засадени во стаклена градина во поларниот круг припаѓаат на оние видови кои одлично ја поднесуваат светлината на која се изложени 16 часа на ден.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?