Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2025 15:47
Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.
Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално прифатениот стандард од 5%. Во Европа, просечната стапка на пушење е пет пати поголема - 24%.
Овој извонреден успех Швеѓаните го должат на пионерската политика во промовирањето на побезбедни алтернативи за цигарите. Д-р Делон Хуман, водач на иницијативата Шведска без чад, изјави:
„Ова извонредно достигнување означува значаен момент за глобалното јавно здравје и е доказ за прогресивните политики на шведскиот пристапза контрола на тутунот“. Во 1960-тите, речиси половина од мажите во Шведска беа пушачи. Со прифаќање на алтернативните никотински производи, Шведска отвори јасен пат кон општество без чад, истовремено заштитувајќи го јавното здравје“.
Новата статистика покажува дека 5,3% од сите возрасни луѓе во Шведска, вклучувајќи ги и имигрантите, сè уште пушат. Интересно е тоа што луѓето родени надвор од Шведска имаат три пати поголема веројатност да пушат од оние што се родени во Шведска.
Д-р Андерс Милтон, поранешен претседател и генерален директор на Светската медицинска асоцијација, истакнува:
„Клучот за успехот на Шведска е прагматичниот пристап кон намалување на штетата, а не забраните. Широка палета на побезбедни никотински производи со различни јачини и вкусови легално е достапна и онлајн и во продавниците. Оваа политика, заедно со специфичната фискална политика која овозможува поповолни цени за производите без чад, ги охрабри шведските потрошувачи да донесуваат поздрави одлуки“.
Благодарение на оваа стратегија, Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето во ЕУ и дури 41% помала инциденца на рак од другите европски земји.
ФДА поддржува алтернативни производи
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри комерцијализацијата на 20 никотински производи ZYN, по обемна научна анализа, потврдувајќи дека никотинот не е канцероген.
Успехот на Шведска, како и позитивниот став на американската ФДА, би можеле да бидат клучни за глобалните стратегии против пушењето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





