05 Декември, 2025
0.3992

Швеѓани го сакаат македонскиот „вранец“

Објавено во: Агробизнис 06 Ноември, 2014 19:18

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите добавувачи на вина во Шведска изразил интерес да увезува македонско вино од сортата „вранец“ на шведскиот пазар. Вината потоа би се пласирале во поголемите супермаркети во Шведска. „Со овој чин очекуваме да се зголеми извозот во Шведска, како и Скандинавија во целост, како и да се зголеми профитабилноста на нашите компании поради зголемена продажна цена“, вели Климент Шеќеровски, заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Освен за виното, потенцијал за извоз на шведскиот пазар има и за македонското овошје и зеленчук. „Шведска е отворен пазар, увезуваме многу производи, особено прехранбени, а нашите потрошувачи постојано сакаат да пробуваат нови производи. Македонските компании, особено малите, немаат големо искуство со нашите компании кои се географски одалечени. Сепак, има голем потенцијал којшто треба да се искористи во иднина“, вели шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Страфансон. Трговската размена меѓу Македонија и Шведска засега е на многу ниско ниво - Шведска не е ниту меѓу првите 20 трговски партнери со кои земјава остварува размена, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?