Добивај вести на Viber
Двајцата мажи, 39-годишниот А.К. и 38-годишниот Г.С. од Белград, неможејќи да го вратат долгот што го имале кон банките во два одвоени случаи решиле да ги продадат своите бубрези.
Нудејќи ги своите органи преку оглас, заработиле кривични пријави.
„Осомничениот А.К. откриен е преку неколку објавени огласи што ги објавил на интернет. Во нив барал купувачи за едниот бубрег, по цена од 60.000 евра. Живеел во мал стан со сопругата и две мали деца, со сестра му и нејзиниот маж и нивните деца. Тој е физички работник и прима плата од 30.000 динари. Пред некое време земал кредит од банка да ги подмири сметките и долговите, но неможејќи да го врати кредитот решил да ги продаде сопствените органи“, велат лица од истрагата.
Г.С. пак бил принуден да го продаде бубрегот, бидејки е инвалид и се движи со помош на количка. Со ниските приходи не можел да го врати долгот. Му се јавиле три лица од странство, а еден од нив му понудил 110.000 евра за бубрег.
Во истрагата биле вклучени и Интерпол и Европол. На двајца осомничени им се земени компјутерите и мобилните телефони.