23 Ноември, 2024
0.0286

СИ ЗАМИНАА И ПОСЛЕДНИТЕ ГОСТИ - скопските хотели се испразнија, ќе помогне ли Владата

Објавено во: Економија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ако некого најмногу економски го погоди опасниот коронавирус, тоа се сигурно хотелите и рестораните, заедно со авиокомпаниите и туристичките оператори.

Така е во светот, а кризата предизвикана од ширењето на заразата и мерките за превенција што ги воведуваат сите држави без исклучок, се посилно го зема својот данок и во земјава.

Откажани резервации и празни соби и конференциски сали, но и стопирани приходи, се само дел од маките што им тежат на грбот на нашите хотелиери, а што е уште потрагично, никој не се ни осмелува да предвиди до кога ќе трае и кога конечно ќе заврши оваа катастрофална ситуација.

Практично, се ќе зависи од тоа колку долго ќе трае пандемијата и колкав период ќе биде потребен да важат превентивните мерки за заштита, кои го ограничуваат движењето на граѓаните.

Фактор на оваа тема разговараше со Спиро Чороганов, директор на компанијата „Караорман“, која е сопственик на два хотела во главниот град на земјава „Александар Сквер“ и „Александар Втори“. Станува збор за хотели со по 25 соби, со 4 ѕвезди категоризиран од Министерството за економија, и со оценки 9 до 9,5 на платформата Букинг, што важи за висока оценка за хотел што е во градско јадро.

„За оваа криза се подготвуваме еден месец наназад, не повеќе, бидејќи и не е за очекување дека сето ова некој можел претходно да го предвиди и да се подготви соодветно. ‘Црниот лебед’ веќе влезе во сите пори на економијата, но прв на удар дефинитивно е ХОРЕКА секторот, односно хотелите, рестораните, кафулињата и кетеринг услугите“, вели Чороганов за Фактор.

Хотелската индустрија, објаснува тој, за оваа година предвидувала подобри резултати од претходната. Сите хотели во земјава во изминатиов период значајно вложуваа во реновирање на своите објекти, но и во отворање на нови сместувачки капацитети, бидејќи во земјва имаше исклучително позитивна тенденција на раст на странските туристи.

„Наместо тоа, првично се соочивме со загубата на гостите од Далечниот исток. Тие ги откажаа резервациите не само на собите, туку и на конференциите што беа закажани, со оглед што на нив беше предвидено учество на експерти и од тие држави. Потоа, како кризата растеше, се откажуваа и резевациите и од Европа, и на крај и на оние од државите од нашето опкружување“, објаснува Чороганов.

Всушност, во нивните хотели, до пред еден месец април и мај биле комплетно исполнети, односно биле резервирани и сите соби, и конференциските сали.

А што се случува сега? Со прекинувањето на авиолетовите и затворањето на двата аеродроми во земјава, но и со затворање на границите, сега има состојба во која и во двата хотели се откажани сите претходни резервации, и на собите, и на конференциските сали.

Вчера си отишле последните гости, претходната ноќ хотелите ја поминале практично празни.

„Денеска го затворивме хотелот ‘Александар Сквер’, со цел да го искористиме овој период на неработење за да го реновираме, па да излеземе уште посилни од кризата. Се надеваме дека кога сето ова ќе заврши, гостите ќе се вратат. А од вториот хотел ‘Александар Втори’, кој се уште е отворен, денеска си отидоа и последните гости, и повеќе и таму нема да спие никој. Се уште не сме размислувале што ќе правиме со овој хотел“, вели Чороганов.

Она што е факт е дека се до крајот на април, бројката на резервации е – нула.

ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ СО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИДОНЕСИТЕ

За хотелите Владата се уште нема донесено ниту една мерка за помош, иако постојано се држат состаноци меѓу овие бизнисмени и владините минустри, со цел да се изнајдат мерки кои би им помогнале.

„Се уште сме во исчекување на мерки за да можеме барем сега да опстоиме, и да не ни се случи отпуштање на вработени, за потоа да можеме да продолжиме понатаму. Во двата хотели имаме 32-ца вработени, и станува збор за подготвен, обучен и трениран персонал, кој работи подолг период во овој хотел. Сосема е нецелисходно тие да се отпуштаат за овој период, бидејќи станува збор за навистина квалитетен кадар“, вели Чороганов.

Смета дека Владата во овој период најмногу би можела да им помогне со тоа што би ги ослободила хотелиерите од плаќање на придонесите на вработените, со цел барем малку да се олесни финансискиот товар, а вработените да можат редовно да ги примаат своите полни плати. За нив би биле прифатливи и сите други мерки што би ги предложиле властите, со цел да опстане овој сектор.

Засега не може да се направат точни пресметки колку би изнесувале финансиските загуби од кризата. Само фондот за плати во овие два хотела е 20 илјади евра месечно, а таму постојат и бројни залихи на производи, кои сега ќе пропаднат.

Сепак, вели Чороганов, многу побитно е овој сектор да опстои и да ја преброди кризата, а притоа да не дојде до отпуштање или до намалување на платите на вработените.

Според сознанијата, дел од хотелите во земјава веќе размислуваат за отпуштање на дел од работниците.

Некои од хотелите, пак, разгледуваат можни опции со властите за да помогнат доколку ситуацијата со коронавирусот ескалира, па доколку е потребно во некои од нив да бидат сместени граѓани кои треба да бидат во самоизолација.

фото: Booking.com

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria