05 Декември, 2025
0.2049

Силекс Неметали започна со наплата на рекордниот тендер од 30,5 милиони евра склучен во 2016

Објавено во: Економија 16 Јули, 2021 07:57

Добивај вести на Viber

Силекс Неметали СТ со низа милионски трансакции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“ што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016.

Во меѓувреме градежно-рударската компанија имаше турбулентен период во случајот „Труст “ заедно со „Трансмет“ на Сеад Кочан. Инаку кратовската компанија не е воопшто активна во последно време кога станува збор за јавните договори и има добиено само една јавна набавка во последните четири години и тоа во вредност од 400.000 денари.

Од март до јули веќе се нижат трансакциските исплати кон претпријатието во поголеми суми. Од МЗШВ потврдуваат дека изведувачот е воведен во работа од мај 2019, а до сега е извршена 8,5 отсто од договорената работа. 

„Трансакциите од ова министерство кон Силекс Неметали СТ ДООЕЛ-Кратово се за извршени работи за изградба на браната “Речани“ на Оризарска Река во општина Кочани, а врз основа на доставени ситуации за извршени работи.

За извршените работи заклучно со месец април 2021 година доставени се 15 времени ситуации и исплатени се средства во вредност од 135.670,378, 15 денари без ДДВ, што е околу 8,5% од вредноста на договорот. За изградба на браната “Речани“ кумулативно извршените работи без ДДВ до 31 декември 2019 година се во вредност од 18.227.440,49 денари, до 31 декември 2020 година се во вредност од 76.185.003,43 денари и до 30 април 2021 година се во вредност од 41.257.934,23 денари.

За изградба на браната “Речани“ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе  ограничена постапка за доделување договор за јавна набавка на работи–Изградба на брана Речани-Кочани и по спроведената постапка потпиша Договор за изведување на работите со најповолниот изведувач. Вредноста на договорот е 1.880.186.435,58 денари со вклучен ДДВ и истиот е потпишан на 09.12.2016 година“, велат од министерството.

Рокот за изградба на браната, според договорот е пет години, а како што велат од МЗШВ, ефективноста на договорот започнува со датумот на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019.

Инаку со овој проект ќе се реши водоснабдувањето на на 90.000 граѓани од Кочани, Виница и од околните населени места. Браната „Речани“ ќе служи за наводнување на земјоделски површини во кочанскиот регион, но и за збогатување на туристичко-рекреативната понуда со оформување на новото вештачко езеро.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата