Силен и независен синдикат е клучот за подобра плата и подобри услови за работниците
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016 14:37
Основна цел на постоењето на синдикалните организации е заштитата на интересите на работниците, нивна едукација, обединување, привлекување нови членови. Само со силен и независен синдикат работниците може да добијат гаранција за своите права, поголема сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, да бидат заштитени од дискриминација и мобинг. Ова се и темите за кои треба да се зборува кога е синдикатот во прашање, теми кои треба да бидат присутни во медиумите како исклучително важен канал за креирање на јавното мислење. Во таа насока транспарентнoто и објективно информирање од страна на медиумите при известувањето во врска со синдикатот и синдикалните прашања е особено важно за имиџот и кредибилитетот на синдикалните организации, беше истакнато на работната средба со новинарите која денес ја организираше ССМ.
Силата на еден синдикат е во бројноста на неговото членство, во обединетоста и заедништвото. Само броен и обединет синдикат може да има моќ за преговарање со организациите на работодавачите, со министерствата и Владата, и вистински да се бори за обезбедување реални бенефити за работниците.
Новинарите, кои честопати и самите имаат потреба од заштита на нивните права, се особено важни во градењето на имиџот на синдикатите, и со своите прилози директно влијаат врз членството.
Колку повеќе информираат за случаи кога се заштитиле работничките права, за индивидуални случаи кога е постигната победа, за институционален напредок со кој правно се подобрува состојбата со работничките права, толку повеќе синдикатот ќе привлекува членство и ќе биде посилен.
На настанот исто така се информираше дека со цел поддршка на работничките права, неодамна бешепуштена во употреба новата синдикална веб-страница www.rabotnickiprava.mk, изработена во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот - МОТ. Веб-страница е заедничка на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита.
Председателот на ССМ Живко Митревски истакна дека последниве години беа донесени неколку важни закони како закон за минимална плата, за заштита од мобинг, за безбедност и здравје при работа, за заштита од дискриминација за родилки и бремени жени, а исто така најави дека следната година ССМ ќе има поинтензивни активности со цел зголемување на своето членство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




