23 Јануари, 2025
0.0285

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот напредок кон ЕУ

Објавено во: Македонија 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателката кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во интервју за ТВ 24 изјави дека историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот напредок на Македонија кон Европската Унија(ЕУ).

„Од една страна го имате Договорот за пријателство и добрососедство кој што бара Бугарија, значи Бугарија да ја поддржува Македонија. Точно е дека има член 8, каде што вели дека ќе разговараме за историјата, но не вели дека тоа ќе биде услов за да почнеме преговори“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочува дека Бугарија, според преамбулата на Договорот за добрососедство и пријателство има обврска да ја поддржува интеграцијата на Македонија кон ЕУ, а дека двете земји ќе разговараат за историските прашања. Но тоа, според неа, јасно покажува дека историскиот спор меѓу Скопје и Софија воопшто не е услов за отпочнување на преговори за зачленување на Македонија во ЕУ.

Фото: Скриншот/ТВ24

Можеби ќе ве интересира

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот