27 Септември, 2024
0.0315

„СИЛЈАНОВСКА ОТИДЕ ВО СОФИЈА КАКО ПРИВАТНО ЛИЦЕ НА ПАЗАР“: Дипломатски дебакл на Силјановска во Софија, вели професорот Спасов

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Вчерашната посета на претседателката Гордана Силјановска Давкова на бугарскиот претседател Румен Радев, предизвика лавина реакции.
Свој став и оцена за посетата и средбата даде и универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.
Силјановска отиде во Софија како приватно лице на пазар.

И како што фудбалските навивачи кога одат да следат некој меч, може попатно да се сретнат со некој од навивачите на противничкиот тим, така и таа отиде дури во Софија да го гледа Набуко, во изведба на македонскиот балет и опера и попатно, како сосема случајно, се сретна со Румен Радев и Јулијана Јотова.

Бидејќи сама си се поканила со намера да одглуми "културна дипломатија", односно дека нешто прави на планот на добрососедските односи, таа беше дочекана како приватно лице кое дошло на кафе во канцеларијата на Радев, па домаќините со право оцениле дека не треба да ја третираат како државник од друга држава и да истакнуваат знаме од таа држава.

Таа се согласила однапред на приватен и понижувачки третман и да нема изјави по приватната средба.

Сигурно и кажале дека домаќините ќе и ги кажат сите оние работи што бугарската страна постојано ги повторува. А тоа е дека таа и Мицковски треба да престанат со предизборната реторика кон Бугарија,дека Бугарија нема намера да преговара одново со Македонија и дека ако Македонија сака да ги почне разговорите со ЕУ треба да ги исполни условите од преговарачката рамка да го почитува договорот за добрососедство и потпишаните протоколи.

Тоа ли отиде да го слушне Силјановска?

Не. Таа и Муцунски биле свесни дека само тоа ќе им биде кажано и повторено, но решиле покрај операта да понудат и мал театар.

Силјановска пред камерите се џитна во прегратките на Радев, ја изгушка и Јотова, задолжена за бугарските клубови во Македонија и пописот во Албанија, и во нејзин стил изјави дека разговарале, ама ништо не договориле.

И затоа некои бугарски медиуми овој дипломатски дебакл на Силјановска и Муцунски го оценија само како нејзин обид за фрлање прашина во очи на ЕУ и глума дека таа е отворена за разговори, за компромис ама клучните одлуки биле во надлежност на Собранието.

Се на се.Импровизациите во меѓународните односи лесно се препознаваат.Секоја средба на претседателите на држави мора да биде темелно подготвена, за да не стане како оваа, фијаско и глумење дипломатија па и срам за Македонија. Ако е тоа нејзиниот прв чекор за Македонија да ја направи повторно горда, тој чекор е конечно погрешен.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања