СИЛК РОУД БАНКА со донација за КАРИЛ – Поддршка за здравствениот систем и хероите во бело
Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2025 17:21
Во духот на општествената одговорност и грижата за заедницата, СИЛК РОУД БАНКА донираше два современи пациент монитори на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, една од најважните здравствени установи во земјата која секојдневно се грижи за животите на најтешко болните пациенти.

Со оваа донација, СИЛК РОУД БАНКА сака да изрази искрена поддршка и благодарност за хуманата и неуморна работа на лекарите, медицинските сестри и целиот персонал на КАРИЛ, кои се вистински херои во борбата за човечки животи.

„Веруваме дека секоја инвестиција во здравството е инвестиција во иднината. Нашата цел е да придонесеме кон создавање подобри услови за лекување и уште еднаш да покажеме дека хуманоста, солидарноста и поддршката се темелите на кои ја градиме нашата работа и нашето присуство во општеството,“ изјавија од СИЛК РОУД БАНКА.

Донацијата е дел од пошироката стратегија на Банката за општествена одговорност, која активно поддржува значајни општествени иницијативи и проекти со позитивно влијание врз заедницата и иднината на нашето општество.
СИЛК РОУД БАНКА ќе продолжи да вложува во вистинските вредности – заедништво, грижа и надеж.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




