25 Јануари, 2025
0.0288

Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30 отсто

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (ОН Програма за Развој - УНДП и Меѓунардона Организација за Миграции ИОМ) во рамките на Заедничката програма на глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, воведе Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата има за цел да обезбеди поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства, во кои главен носител на приход е жена, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, ромски домаќинства, повратнициод странство и приматели на трансфери на средства, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.200.000 денари, со рок на отплата до 84 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.40% фиксна каматна стапка за првите две години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес