СИЛНА БУРА ЈА ОЧЕКУВА ЕВРОПА: Од петок кај нас нов влажен и студен бран од север!
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2023 06:53
Во следните денови, односно до крајот на оваа недела големата разлика на воздушниот притисок (многу нискиот циклонален североисточно од нас, но и Азорскиот антициклон со многу висок воздушен притисок) ќе условат силни ветрови во голем дел од континентот чија брзина понекаде ќе достигнува дури и до, па и над 100 км/час, вели метеорологот Славчо Попоски.
,,Ветровито време во следните денови се очекува и во Македонија, повремено брзината на ветерот, особено на повисоките места и на планините ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. На помала надморска височина ветерот ќе биде далеку послаб, што значи дека кај нас нема опасност од евентуални штети.
Сепак под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, во петок и во сабота очекуваме нови врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу ова ќе објавиме наскоро", пишува тој.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




