05 Декември, 2025
0.2814

Силни притисоци врз лекарите: Штипјани попуштија, останатите велат, остануваме до крај!

Објавено во: Економија 14 Декември, 2012 18:53

Добивај вести на Viber

По еден месец штрајк, штипските лекари попуштија под притисокот. Лекарите специјалисти и медицинскиот персонал од Клиничката болница-Штип денеска го прекина штрајкот. Како што изјави Ване Ѓоргов, претседател на огранокот на Независниот синдикат во Клиничка болница-Штип,  денеска само тој и еден лекар штрајкувале пред вратата на болницата. Останатите лекари, вели Ѓоргов, поради силниот притисок  и сеуште неисплатените ноемвриски плати останале на своите работни места. Претходно биле приморани да потпишат и изјава дека повеќе не штрајкуваа, ако сакаат да замат плата. Скопските лекари не се откажуваат од барањата за корекција на моделот за земање плата по учинок. Велат ако треба и на минус 30 ќе излезат надвор и ќе се борат за она што им следува. Иритирани се од односот на надлежните не можат да сфатат врз која основа се исплаќани скратените плати за штрајкувачите. Како пример се наведува ноемвриската плата на доктор специјалис д клиника кој за ноември земал 7000 денари. „Имаме многу забелешки во однос на исплатата. Има многу прекршоци и основи за поднесување кривични тужби. Се врши притисок врз директорите да постапуваат како што не треба. Тоа се заработени пари на докторите и ќе ги бараме по судски пат“, изјави денеска Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар кој вели дека нејасно е зошто платите на некои од лекарите се намалени повеќе од другите и дали е земено предвид пресметувањето по моделот плаќање според ефикасност. Инаку со одлука на владата Фондот за здравство добил дозвола да склучи итни договори со приватните здравствени установи за време на лекарскиот штрајк. Ова реално значи дека пациентите и во приватните клиники ќе може да добијат услуга на државна сметка. Како што појаснуваат од Владата оваа мерка која сеуште не е активна, не била донесена за да се изврши притисок врз лекарите кои штрајкуваат туку само била резерва доколку некој  пациенти кои имаат итна потреба од лекар се слуши да не ја добијат здравствената услуга поради штрајкот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката