СИЛНИТЕ ЕКОНОМИИ СЛАБЕАТ: Се поголема рецесијата во Германија? Но, не е „сама“, уште еден европски гигант во проблеми
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2023
Падот на потрошувачката и слабеењето на светската економија ја доведоа германската економија во застој.
Бруто домашниот производ во третиот квартал падна за 0,1 отсто во однос на претходниот, објави во петокот Федералното биро за статистика.
Минусот е забележан во третиот квартал земајќи ги предвид ценовните, сезонските и календарските ефекти. Институтот сега ги потврди своите прелиминарни проценки.
Невообичаено високата инфлација сè уште ги оптоварува потрошувачите кои можат да купат помалку за своите пари. Многумина ги намалија трошоците. Годишната инфлација во октомври изнесува 3,8 отсто, по 4,5 во септември и 6,1 во август. Цените на храната силно пораснаа и во октомври.
Во исто време, германската економија, која е нормално извозно ориентирана, го чувствува забавувањето на глобалната економија. Извозот, кој е мотор за раст на германската економија, падна во текот на летото. Извезени се вкупно 0,8 отсто помалку стоки и услуги во однос на вториот квартал.
За падот придонесоа и зголемените каматни стапки, кои ја намалуваат побарувачката, меѓу другото во градежниот сектор. Од друга страна, податоците покажуваат дека економијата добила поттик од инвестициите на автомобилската и машинската индустрија.
Централната банка на Германија, Бундесбанк, очекува дека домашната економија ќе се бори да излезе од слабата фаза во која се наоѓа откако Русија ја започна војната во Украина. Во четвртиот квартал, БДП би можел повторно малку да потоне.
Економистите и владата очекуваат дека најголемата европска економија ќе биде во рецесија цела година, пред да почне повторно да расте во 2024 година.
БДП покажува колку добро или слабо се развива економијата на една земја. Се брои се што се произведува во одреден период. Вредноста на услугите и потрошувачката на населението, како и инвестициите на компаниите - на пример во машини - исто така се вклучени во пресметката.
Најголемата ставка е приватната потрошувачка. Втората компонента е трговскиот биланс – разликата помеѓу вредноста на извозот и увозот.
И Норвешка во рецесија
И Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас заостанува, покажаа статистичките податоци.
Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад.
Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто. Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.
Без секторот и опремата за нафта и гас, БДП во периодот од јули до септември бележи пораст од 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто. Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, поддржана од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.
Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто инвестициите на компаниите во фиксен капитал се намалени за 2,1 отсто, што е одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.