Силно невреме со дожд и грмотевици го зафати Скопје
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020
Силно невреме проследено со дожд и грмотевици го зафати Скопје.
Во главниот град попладнево дуваше и силен ветер.
Според синоптичарите, за утре е најавен локален дожд.
Од недела следи заладување.
Денес беше многу топло, при што се измерени 42 степени во делови од Македонија.