20 Април, 2024
0.0252

Силвио сака назад

Објавено во: Анализа 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Уште на крајот на октомври пишувавме за евентуалното враќање на Берлускони на италијанската политичка сцена. Месец дена подоцна тоа тврдење се покажува како точно. Моменталниот премиер Марио Монти ја нема веќе подршката на партијата на Берлускони, додека пак Силвио и ја има подршката во матичната партија. Значи создадени се условите Берлускони да се врати, онаму од каде што отиде – премиерското место. Монти викендов го извести претседателот  на Италија дека како што одат работите ќе биде приморан да поднесе оставка. Инаку интересно е дека Монти ја превзема власта без избори, по претходен договор на политичките партии со цел да ја извади земјата од една од најголемите кризи со кои се соочила. Монти ја превзема Италија како најпроблематична земја во Европа после Грција. Со оглед на тоа дека во тој момент Италија беше во доста големи проблеми Монти успеа со мерките на штедење и пред се со довербата која пазарите ја имаа во него, да ја врати вербата во Италија. Впрочем довербата е и најголем проблем на оваа криза. Се додека има луѓе кои мислат дека можеда им го вратите долгот или се додека генерирате раст поголем од долгот нема никаков прблем. Но до раст многу тешко се доаѓа, а посебно тешко доаѓаат периферните држави. Со најавите за враќање на Берлускони, довербата во Италија се намали веднаш. Веќе вчера берзата потона цели 2,5% додека тргувањето со неколку банки беше запрено поради големиот пад. Наредниот период ќе покаже што ќе се случува и со најпроблематичниот дел, задолжувањето и пазарот на обврзници. Монти успеа да ги смири инвеститорите и тоа се виде преку намалувањето на приносот на обврзниците, но сега веќе ситуацијата е сменета. Со ова продолжува спиралата на отварање и затварање на дупки во еврозоната. Желбата за враќање на Берлускони на власт не значи дека ќе биде исполенета. Во април 2013 година во Италија се закажини нови избори. Анкетите покажуваат дека Берлускони ја губиу довербата помеѓу избирачите. Така да, дури и да се врати на премиерското место сега, тешко е да се процени дека истото ќе може да биде задржано после априлските избори. Монти би ја напуштиул владата по гласањето на буџетот за 2013 и потоа веројатно партиите кои ќе го гласаат буџетот ќе почнат со отворена војна за тоа кој е крив што земјата се наоѓа во ситиуација како што се наоѓа. Веројатно Берлускони темпира и пресметува дека би имал доволно време да ја врати разнишаната доверба кај гласачите. Дали после се Италијаните ќе му ја дадат повторно довербата на најдолговечниот премиер на земјата по втората светска војна ќе дознаеме во април. Што се случи со Марио Монти? Марио Монти сега е во преговори со центристичките групи кои бараат од него да учествува на изборите во Италија на почетокот на следната година. Вакви притисоци има поради стабилноста на финансиските пазари, од страна на колегите, европските лидери, но и од црквата кои бараат тој да остане во политиката за да продолжат неговите реформи. Берзата остро реагираше со пад на неговата ненадејна одлука во текот на викендот за да се повлече порано отколку што се очекуваше, поради несигурноста во врска со една од најранливите економии во еврозоната.  Монти, со чии економски реформи Италија излезе надвор од центарот на вниманието како една од најпогодените држави од должнишката криза  во изминатата година, рече дека ќе се повлече кога ќе биде донесен новиот буџет, најверојатно на крајот на овој месец, додека изборите остануваат за февруари. Брисел и инвеститорите сега се сериозно загрижени дека Италија може да им сврти грб на своите неодамнешни реформи, поради што центристичките политичари побараа од Монти сепак да застане како кандидат на новите избори. Медиумите пренесоа дека тој разговарал со Лука Кордеро ди Монтеземоло, претседател на Ферари, кој започна ново политичко движење минатиот месец, како и со Пјер Фердинандо Касини, лидерот на центристичката Католичката УДЦ партија. Центристичките политичари изјавија дека очекуваат Монти да го даде својот одговор во рок од една недела. Ако тој одлучи да се кандидира како нивен кандидат, ќе треба да поднесе официјална изјава откако парламентот ќе го одобри Буџетот за 2013-та, најверојатно во неделата пред Божиќ. Монти вели дека засега не размислува за изборите. „Сите мои напори сега се посветени на завршување на преостанатото време на сегашната влада, кое се чини дека е прилично кратко време, но сепак бара интензивна работа и многу енергија", рече тој во Осло за време на доделувањето на Нобеловата награда за мир. Не треба да се драматизира поради реакцијата на берзата и пазарите, додаде тој и вели дека е убеден онаа влада што ќе дојде на власт по изборите ќе работи во согласност со веке преземените реформи за извлекување на Италија од големата должничка криза. Влијателниот Католички состав на Италија, во понеделникот, со Архибискупот Анџело Багнасо од Џенова, упати отворена критика до поранешниот премиер Силвио Берлускони за предизвикување на оставката на Монти, преку  повлекување на поддршка на неговата партија во парламентот минатата недела. Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој исто така беше дел од церемонијата за доделување на Нобелови награди во Осло, е  уверени дека Монти, сепак, ќе игра важна улога во политиката. „Ова е беше тажно и неочекувано на краток рок, но по еден или два месеци, ќе стане јасно дека Монти ќе биде во можност да се приклучи на коалицијата со цел да се стабилизира Италија", изјави тој за новинската агенција Ројтерс. Херман ван Ромпуј, претседател на Европскиот совет, изјави пак дека не сака да се меша во италијанската политика, а потоа додаде: "Марио Монти беше голем премиер на Италија и се надевам дека политиката што ја водеше ќе продолжи и по изборите." Анкетите за јавното мислење во моментов покажуваат дека  централно-левичарската Демократска партија на претстојните избори ќе освои околу 30 отсто од гласовите. Приврзаниците на центристичката коалиција со  Монти пак се смета дека би можеле да освојат 15 до 25 отсто од гласовите. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!