20 Декември, 2025
0.0582

Синдикалниот лидер Митревски собира регионална поддршка од синдикатите против Ременски

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016 15:40

Добивај вести на Viber

Живко Митревски кој и натаму ќе ја врши функцијата претседател на ССМ собира поддршка од регионални и европски синдикални организации кои треба да застанат на негова страна во судирот со министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски која директно ја обвинува за мешање во работата на синдикатот и обидот тој нелегално да биде сменет. 

Во дописот од Сојузот на самостојни синдикати на Србија се вели дека со ова Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија прекршило бројни меѓународни документи посебно Европската социјална повелба и Конвенцијата на меѓународната организација на трудот бр.87 со која на синдикатите им се гарантира автономија.

Слична реакција доаѓа од Сојузот на слободни синдикати на Словенија кои истакнуваат дека на овие простори не се памети ваков антисиндикален чин на обид за присилна промена на легално избран претседател на синдикат. Од словенскиот синдикат бараат да се преиспитаат мотивите за овој чин а виновниците да се санкционираат.

Од Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина истакнуваат дека се крајно непријатно изненадени од мешањето на техничката министерка во автономијата на ССМ и бараат веднаш да се престане во секој облик на мешање и да му се овозможи на Живко Митревски непречена работа и застапување на членовите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки