05 Декември, 2025
0.0294

Синдикат на МЖ: Нема сила што ќе не сопре да го организираме штрајкот

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 14:44

Добивај вести на Viber

Наташа Стојановска
Првиот ден кога некој од вработените ќе добие решение за прераспределување, веднаш стапува штрајкот на железничарите, се заканија денеска од синдикатот на МЖ – Инфраструктура, по состанокот што го одржаа дел од вработените. Тоа може да се случи и утре или задутре, а ние сме решени и нема сила што ќе не сопре да го организираме штрајкот.
Сакаме да испратиме и абер дека во железница ќе има протест но нема да има  контрапротест. Тешко дека ќе го направат иако успејаа кај многу институции тоа да го направат. Ние нема да дозволиме железничар да тргне против железничар, изјави Марјан Ристевски од  Независниот синдикат во МЖ-Инфраструктура.
Железничарите апелираа до менаџерскиот тим, до министерството за информатичко општество и администрација и до Владата, да ги сфатат сериозно, бидејќи како што посочија доколку се случи еден железничар без негова дадена согласност да биде прераспределен во друга институција, тоа ќе значи, силување на демократијата, самоволие, демонстрирање на сила и кршење на повеќе закони од сферата на работните односи, на што синдикалците велат  дека ќе реагираат соодветно.
Бидејќи сакаат да не праќаат во театри, изгледа сакаат претстава.  Претставата ќе им ја дадеме, а колку ќе трае таа претстава, во колку чина ќе биде ќе зависи од режисерите. А, режисерите, сега се на друга страна. Не може без никакви критериуми, луѓе кои сонуваат возови сега да сонуваат мајмуни или како играат на некој сцена, вели Ристевки.
Дел до присутните во салата се пожалија на нелогичности во направената прераспределба, според кои луѓе со повеќе од 30 години стаж, луѓе со соодветно образование и искуство сега треба да работат како портири во музеи.
Јас сум распределен во градинка во Шуто оризари , како домаќин. Со години работам како отправник на возови, се пожали еден од вработените, кој е на списокот дека треба да ја напушти железницата.
Негов колега пак објасни дека веќе го повикале во одделението за човечки ресурси за да го информираат дека ќе биде прераспределен како портир во Народен музеј а работел со години како отправник на возови на станица во Куманово. Има уште многу такви приемри, како што е на Мартиновски Гала, кој е сообраќаен инжинер и бил праќан и на обуки во Белград а сега треба да работи во Центарот за рехабилитација на деца и младинци.
Железничарите псочуваат дека во изминатиот период покажале добра воља, прифатиле принудни одмори и намалување на плата, но сега повторно се на удар. Тврдат дека нема превработеност во фирмата, бидејќи и кога биле на принудони одмори сепак биле повикувани на работа бидејќи има дефицит на кадарот.
Не значи дека ако ваква трансформација поминала во некое друго претријатие дека ќе помине и тука, бидејќи таму во министерството за информатичко општество има луѓе кои не знаат што е воз а комоли да одредуваат кои луѓе ќе бидат прераспределени во други фирми. Ова се прави со разни преограми, преговори и разговори а не вака, велат сидникалците.
Во МЖ-Инфраструктура работат 1300 луѓе. Засега ваква прераспределба влсата најави само во оваа компанија а не и во другата железничка компанија МЖ Транспорт. Раководството на МЖ Инфраструктура засега молчи на ваквите најави за железниларите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката