03 Мај, 2024
0.0291

СИНДИКАТ НА УПОЗ: Со најновите мерки вработените во јавниот сектор ќе треба да трошат по 20.000 денари месечно за ПЦР тестови или цела плата

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението, укажувајќи дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата нова мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа. За влез на работното место, освен сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза, ќе може да се користи и сертификат за прележан ковид-19, како и негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Ова е ставот кој и вчера го кажа генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Деаноски.

„Сметаме дека ваквата предлог мерка на Комисијата е противуставна, спротивна на позитивните законски норми, меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободи и препораките на Обединетите нации. Она што посебно не загрижува е тоа што ваквата предложена мерка директно задира во финансиската моќ на вработените, и уште повеќе ја загрозува и онака малата економско - материјална состојба на вработените“, се вели во реакцијата од Синдикатот на УПОЗ.

Според нив, согласно член 1 од Уставот е предвидено дека земјава е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. А во преамбулата на Уставот е наведено дека потребно е да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот и да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи.

Во членот 32 од Уставот, пак, е предвидено дека „ секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привреамена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место, а секој вработен има право на соодветна заработувачка“.

„Нашето мислење е дека доколку Владата реши да ја прифати ваквата предлог мерка од Комисијата за заштита на населението, ќе ги прекрши темелните вредности на кои е поставен Уставот. Доколку вработените бидат спречени да се појават на работа поради немање сертификат или ПЦР тест се отвара можност за прекин на работниот однос или поведување дисциплински постапки и парични казни. Предложените задолжителни ПЦР тестови на секои 72 часа (три) дена, ќе значат дека вработените ќе мораат да издвојат приближно 20.000 денари месечно само за ПЦР тестови, односно ќе мора да ја потрошат целата своја плата за да докажат дека можат да одат на работа“, се вели во реакцијата од Синдикатот на УПОЗ.

Од тие причини од овој синдикат апелираат при носење одлука по предложените мерки од Комисијата, Владата да ги има предвид уставните и законски одредби, меѓународните конвенции за човекови права и слободи и меѓународните ратификувани договори. Односно, апелираат да се изнајдат други начини за да се мотивираат вработените да се вакцинираат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?