Синдикатот за здравство ќе купува маски за здравствените установи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020
Заштитни маски за вработените во јавните здравствени
установи ќе обезбеди Самостојниот синдикат за здравство, од каде информираат
дека, дел од тие маски ќе бидат со појака заштита, наменети за директно изложените
здравствени работници и медицински персонал.
-Маските ќе бидат испратени до менаџерските тимови во јавните здравствени установи во одредена количина од наредната недела. Здравствените работници, истакнуваат од Синдикатот, им се потребни на граѓаните повеќе од било кога досега во борбата за заштита на јавното здравје.Во новонастанатата ситуација, свесни сме за ризикот и изложеноста на вирусот на нашите вработени во здравствената дејност, се наведува во соопштението на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.