19 Декември, 2025
0.0830

Синергија на креативните идеи од северна и јужна Европа

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2016 12:00

Добивај вести на Viber

Менаџерите и креативците на агенциите од Нордискиот регион кои се дел од I&F McCann Група во чии рамки работи и Меккен Скопје, го посетија седиштето на компанијата во Белград и разговараа за понатамошните планови за развој, заедничките проекти и разменуваа искуства.

Основачот на компанијата, Срѓан Шапер вели дека ова е првата посета од кога I&F McCann Група ги презема агенциите во Норвешка, Шведска, Данска и Финска.

‘‘Со овој состанок Белград стана важна точка на европската креативна мапа.  На нас е да го искористиме големиот потенцијал за нашите земји, за индустријата која ја претставуваме, за сите вработени, и секако, за нашите деловни партнери. Синергијата на северот и југот ќе и додаде дополнителен квалитет на  I&F McCann Група која работи речиси 20 години.‘‘, рече Шапер.

Првиот човек на една од водечките дизајнерски компании Scandinavian Design Group  која работи во рамките на I&F McCann Група, Ханс Мартин Мегард, изјави: ‘‘Срѓан Шапер со својот тим изгради силен систем во Југоисточна Европа. Тоа за нас е инспирација и цел истото да го направиме и со агенциите во Нордискиот регион и со тоа заедно да станеме уште поуспешни во светски рамки.‘‘

Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Група одговорен за Адриатик регионот, рече:

‘‘Синергијата на македонската темпераментност и скандинавската свежина ни отвора нови креативни хоризонти кои нашиот тим во Скопје максимално ќе умее да ги искористи. Европската експертиза на новите колеги од северот дополнително го зајакнува нашето локално знаење што ни овозможува да ја дадеме најдобрата услуга, најрелевантиот креативен производ и да бидеме секогаш чекор пред другите.‘‘

I&F McCann Група работи речиси 20 години на 12 пазари во Југоисточна и северна Европа со 58 милиони жители и вработува повеќе од 600 талентирани професионалци.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии