Синиша Спасов ја напушти директорската фотелја во МЕПСО
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Уште една државна енергетска компанија остана без директор, откако Синиша Спасов се повлече од челната функција во МЕПСО и не се кандидираше за втор мандат. Засега функцијата директор ќе ја извршува неговиот заменик Ненад Јовановски додека не се избере нов предводник.
Претходно Дејан Бошковски се повлече како директор на ЕЛЕМ, а негова привремена замена е Христијан Мицковски кој е и советник во кабинетот на премиерот на Република Македонија. Засега нема коментари зошто во двете клучни енергетски државни компании доаѓа до големи промени во раководната структура.