Синофарм е идеална вакцина за сите што прележале Ковид-19, вели Беќаровски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2021 18:25
Докторот Нико Беќаровски вели дека Синофарм и Синовак се единствените „прави” вакцини, во широка употреба, направени на стариот начин, на кој се произведуваат стотина години наназад, со „умртвување” на вирусот, кој потоа се вбризгува во нашето тело и го „буди” комплетниот наш имунолошки систем.
Според него, ниту една вакцина во историјата на човештвото не успеала да биде 100 отсто ефикасна, бидејќи човекот не е машина и нема две идентични индивидуи (освен ако некаде во некоја лабораторија не е направен Клон).
„Производителот на Синофарм, декларираше ефикасност од околу 66-80%, а сличен резултат објавија и нашите новосадски колеги. Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе „наоружана војска” ќе го убијат вирусот пред да влезе на нашата територија. Што ќе се случи со останатите 20? Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата “цивилна одбрана”, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие војната. 100 невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на „самата граница” а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали „жртви” да го совладаат но кај 20 ќе создаде сериозни или катастрофални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал 3 ќе ја загубат војната“, објаснува Беќаровски.
Тој додава дека се докажало и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот и ги открива двете маани на Синофарм. Вели дека тоа се двојно подолгиот период потребен за создавање на комплетниот имунитет и цената, бидејќи оваа вакцина поради нејзиниот состав мора да биде најскапа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





