Синоќешниот земјотрес со епицентар во Карбинци
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Епицентарот на синоќешниот земјотрес од 2.4 степени бил во регионот на Карбинци, штипско.
Тоа е на 58 километри од Скопје и на длабочина од два километри. Во истиот дел на Македонија претходно имаше земјотрес од 2,7 степени. Штети од потресот нема. Во регионот повеќе потреси се регистрирани во Турција и еден во Албанија со интензитет од 3 степени по Рихтер.
Во светот денеска земјотреси имаше во Чиле, Канада, Калифорнија, Порторико и други земји.