17 Декември, 2025
0.0541

Синовите на Субрата Рој станаа Македонци, таткото уште не се дава?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2013 07:52

Добивај вести на Viber

И постариот син на Субрата Рој,  Сушанто стана Македонец,  откако пред три месеци помладиот, Сееманто Рој земал македонско државјанство. Засега нема информации дека македонски пасош побарал и таткото, контроверзниот индиски бизнисмен кој најави големи инвестиции во Македонија, додека во Индија се гони за криминал. Информацијата за македонското државјанство на Сушанто Рој и неговото семејство ја пренесе порталот НОВА. Иако портпаролот на МВР, Иво Котевски изјавувил дека нема сознание за новото државјансво на Сушанто Рој,  информацијата е потврдена од владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. „Врз основа процедурата предвидена во законот и врз основа на член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи да го прифати барањето на подносителот Сушанто Рој за прием во државјанство на РМ“, посочил Ѓорѓиев за НОВА. Според македонскиот Законот за државјавство, странски државјани може да станат Македонци ако исполнуваат определени услови. „Странец кој ги исполнува условите од член 7 став 1 точки 1 и 8 на овој закон може со природување да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа преставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес. Владата на Република Македонија со уредба ќе ги утврди критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство во смисла на став 1 од овој член“, пишува во Законот. Пред три месеци, по втората посета на Индијците во Македонија, порталот Либертас објави дека и помладиот син на Субрата Рој, Сееманто земал македонско државјанство за да ја води компанијата што Индијците ја регистрираа во Македонија. Субрата Рој викендов по трет пат дојде во Македонија и отседна во Охрид. Го потпиша договорот за Џумајлија за спас на македонското земјоделство и туризмот со комплексот во Љубаништа, а најави инвестиции и во филмската индустрија. Домаќин му беше највисокиот државен врв, а во Охрид му пееше Есма Реџепова. Потоа бизнисменот се качи во авион и си замина, назад во Индија. Таму индиските институции, како што пишуваа  тамошните медиуми, го сомничат за измами и даночно затајување од 4,4 милијарди долари. Бизнисменот изјави дека почнал процес на враќање на парите, но негираше дека неговата компанија е вклучена во незаконски дејства.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар