05 Декември, 2025
0.0333

Сирењата на „Идеал Шипка“ стануваат „Президент“

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2013 13:03

Добивај вести на Viber

Македонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата „Идеал Шипка“ стануваат дел од понудата на „Президент“ (Président) - една од најпознатите глобални трговски марки и експерт во категоријата сирења, која под своја закрила ги обединува најдобрите автентични сирења од сите делови на светот. Со влегувањето во семејството на „Президент“, македонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата „Идеал Шипка“ нема да изгубат од својата автентичност, квалитет и вкус, но ќе добијат меѓународна препознатливост што ги отвора патиштата за пласман на нашите сирења и кашкавали на европските пазари. Овие сирења и кашкавали и понатаму ќе се произведуваат на истото место, според традиционалната македонска рецептура, од домашно млеко, со што ќе го задржат реномето и довербата  што ја имаат кај потрошувачите, кои отсега со новиот бренд „Президент“ добиваат дополнителна меѓународна гаранција за нивниот висок квалитет поради високите стандарди кои мора да бидат исполнети и почитувани во процесот на нивното производство. „Кога едно македонско сирење го носи името на еден од најпознатите светски брендови, значи дека тоа го досигнало највисокиот степен на квалитет, автентичен и препознатлив вкус и висока доверба кај потрошувачите. Сите ние сме исклучително горди што сме првите кои успеале да го постават традиционалното македонско сирење во врвот на светот на сирењата“, изјави Љиљана Кузмановска, контрола на квалитет во „Идеал Шипка“. Процесот на ребрендирање на кравјите, мешаните и овчите сирења и кашкавали на „Идеал Шипка“ ќе се одвива постепено, во три последователни фази, при што на крајот од процесот брендот „Президент“ целосно ќе ја замени досегашната ознака на пакувањата на производите. „Президент“ е еден од водечките брендови на најголемата светска млечна индустрија „Лакталис“. Воспоставен во 1968 година, до денеска прерасна во водечки глобален бренд во категоријата сирења кој обединува над 200 оригинални производи кои се пласираат на над 140 пазари ширум светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј