16 Декември, 2025
0.0831

Сириза може да го запре проектот за модерна железница во Грција

Објавено во: Балкан 30 Март, 2015 08:20

Добивај вести на Viber

Грција се обидува да се израмни спрема останатиот дел од Европа што се однесува до возовите. Таа сака да изгради електричен брз железнички коридор со помош на средства од европските фондови. Настојувањето е дел од долготрајната цел на земјата да стане основен портал за стоки кои пристигнуваат во источниот Медитеран по море од Азија. Оваа амбиција предизвика интерес кон транспортните средства од потенцијални инвеститори, меѓу кои Русија и Кина. Оваа стратегија сепак е загрозена од идеолошко противење во новата влада на премиерот Алексис Ципрас. Таа се обидува да ги намали про-пазарните реформи, кои се услов за спасувачката програма на Грција во вредност од 240 милијарди евра. Дури и во момент во кој Грција има очајна потреба од пари и е на соочување со нејзините кредитори, фракции во партијата на Ципрас - Сириза, која се залага за коалиција на радикалното лево, одбиваат да се приватизира државната инфраструктура. Trainose и пристаништата во Пиреја и Солун се меѓу активата, околу кои има двосмисленост во моментов, бидејќи нивната продажба е доведена во прашање. "Ние би биле многу загрижени од секое доцнење во подобрувањето на транспортните услуги на Грција", изјави Никос Родопулос, претседател на Грчката асоцијација за логистика, која го промовира развојот на секторот. "Транспортот и нуди на земјата брза можност да генерира приходи и стратешка шанса да го зголеми економскиот раст. Оваа можност не треба да падне ". Претходната влада на Антонис Самарас, лидер на про-пазарната партија "Нова демократија", ги стави Trainose и пристаништата во Пиреја и Солун на чело на листата со планирана продажба. Самарас, кој беше принуден да ја напушти функцијата по предвремените избори од 25 јануари, ветуваше дека ќе ги олесни максимално странските инвеститори. Тоа ги разбуди и амбициите на Русија да го следи примерот на Кина од 2009 година и да влезе на овој пазар. Во наддавање за Trainose и солунското пристаниште учествуваа и руските државни железници, чиј директор Владимир Јкунин е близок сојузник на претседателот Владимир Путин. Запре приватизацијата забавува изградбата на трговски центар. Двомесечното владеење на Сириза е зафатено со финансиската криза и не може да донесе јасна одлука што да прави со продажба на имотот. Единствениот дел од делницата Атина-Солун, која до сега е електрифициран е 106 километри. Тоа е делница во централна Грција меѓу Титореа и Домокос. Електрификација на целата делница помеѓу Атина и Солун ќе чини околу 2 милијарди евра, покажуваат пресметките на Erga One. Цената достигна 3,3 милијарди евра, кога се вклучи и делницата Солун-Идомени и планираната електрифицирана врска меѓу Атина и западното грчко пристаниште Патра, јави Erga One. "Има одредено ниво на несигурност за сè што владата сака да направи поради тоа што Сириза не е една партија, туку коалиција од различни фракции", изјави Аристотел Циампирис, професор во University of Piraeus's School of Economics, Business & International Studies. Во секој случај во моментов нема конкретни планови за изградба на електрифицирана линија од Солун до границата со Бугарија или Турција. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството