Сиромашните граѓани трошат скоро 50 отсто од приходите за кирија - за која земја се работи?
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2025 16:38
Има криза со домувањето во Германија.
Кириите станаа еден од најголемите социјални и економски проблеми во Германија, а зголемувањето на трошоците за домување во големите градови не само што ги погодува домаќинствата со пониски приходи, туку и сериозно го загрозува економскиот раст и мобилноста на работната сила.
Ова се наведува во извештајот кој денеска го објави Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.
Кириите чии цени се регулирани („bestandsmieten“) врз основа на постари договори за закуп растат со умерено темпо од 2013 година, но цените кај новите договори за закуп скокнаа за дури 75 проценти во истиот период, што создаде голем јаз на пазарот.
Граѓаните со пониски приходи се најмногу изложени на ризик, бидејќи мора да издвојуваат речиси 50 проценти од своите приходи за кирија во новите договори за закуп. Спротивно на тоа, некои станари во Берлин, Минхен или Хамбург плаќаат 30 до 50 проценти пониска кирија од домаќинствата што изнајмуваат сличен стан според нови договори.
Поради пониските цени за изнајмување, граѓаните одбиваат да се преселат и да останат во стари, поевтини станови, што доведува до неефикасно користење на просторот за домување и намалена мобилност на пазарот на трудот.
Од страната на понудата, ситуацијата е дополнително влошена од високите трошоци за изградба, зголемувањето на цените на земјиштето и административните пречки.
Новите станбени проекти речиси исклучиво се создаваат во поскапиот сегмент на пазарот, а ветувањата на политичарите за прифатливи станови досега не се исполнети.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ЈАНЧЕВ: Ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата
ВАКА БУГАРИЈА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЛУКОИЛ! Го менуваат законот, Русите нема да имаат право на глас ниту можност за жалба
Орбан: Добивме неограничено и целосно ослободување од санкциите против Русија
Трамп објави дали Индија престанала да купува руска нафта
Поевтини храната во светот, исклучок има кај една намирница која сите ја користиме
Балканците навалија во овие земји: Платите се огромни
ИНФЛАЦИЈАТА СО НОВ РАСТ ОД 4,5 ПРОЦЕНТИ - на месечна основа има благо намалување





