Сметки и кредити не можат да платат 40 % од граѓаните!
Објавено во: Анализа 06 Ноември, 2012
Стапката на сиромаштија во земјава во 2010 та година изнесувала 27,3%, без при тоа, во оваа бројка да бидат исклучени семејствата што примаат пензии и социјална помош. Овој податок го објави Заводот за статистика со образложение дека се работи за истражување што се спроведува за прв пат по таканаречен “Лаекен индикатор за сиромаштија“ што е базиран на Анкета за приходи и услови за живеење. Истражувањето посочува дека доколку од стапката на сиромаштија од 27,3 отсто се исклучат семејствата што примаат социјални трансфери (во кои се вклучени и пензиите), тогаш сиромаштијата изнесува 42,8 %.
Анализирано по типови на домаќинства , најранливи се семејствата со двајца возрасни и со три или повеќе деца. Дури 36,5 отсто од овој тип на семејства живеат во сиромаштија. Еве кај кои категории на домаќинства каква стапка на сиромаштија има : Домаќинства со двајца возрасни + 2 или повеќе деца 36,5%Домаќинства со издржувани деца 29,6%Домаќинства со двајца возрасни( помлади од 65 год) 29,6%Домаќинства со дваца возрасни 25,5%Домаќинства со двајца возрасни + едно дете 22,3%Според “економската активност “ најдлабока сиромаштија е измерена кај невработените, зад нив се останатите неактивни лица па пензионерите : Стапка на сиромаштија според економска активност Невработени 50,6%Други неактивни лица 34,6%Пензионери 15,9% Дури 40% од населението , спред ова истражување има проблеми со исплата на станбени и потрошувачки кредити и плаќање на сметки. 74 % пак не можат да си овозможат еднонеделен одмор во текот на годината. Јадењето на месо или риба секој втор ден е луксуз за 55,4 % од населението а за 29 отсто проблем претставува затоплувањето на домот. Истражувањето покажува дека сиромаштија има и кај оние што работата и заработуваат, така стапката на сиромаштија кај оние што работат со полно работно време изнесува 8,9 отсто додека кај оние со скартено работн време стапката изнесува 26 отсто. Во исто време се забележува дека социјалната помош ја ублажува сиромаштијата. Пред да земат социјални трансфери сиромаштијата изнесувала 42,8% а откако семејствата добиле парична помош, стапката на сиромаштија се свела на 27,3%. Ова истражување , спроведен по нови критериуми е по препорака на Европската Унија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.