05 Декември, 2025
0.0300

Системи за наводнување, мрежи за спас од град – земјоделците први на удар од климатските промени

Објавено во: Агробизнис 26 Септември, 2013 19:27

Добивај вести на Viber

Земјоделството и понатаму ќе биде прво на удар од климатските промени, негативното влијание во земјава веќе се чувствува, а најзагрозени се важните региони и стратегиските култури, изјави денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Во екот на есенската кампања на „Караванот за климатски промени“ кој денеска беше во Свети Николе, министерот забележа дека проценките за економските штети се загрижувачки, поради што службите  ќе работат на креирање соодветни политики и мерки за прилагодување и спас на оваа важна стопанска гранка во земјава. „Зајакнувањето на капацитетите ќе ја вклучи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во насока на обезбедување совети за подобри земјоделски пракси и пристап до подобри информации за одгледување високо приносни култури, како и обезбедување совети за одржување на приносите во услови на екстремни температурни или други негативни влијанија, а секако и Управата за хидрометеоролошки работи за обезбедување навремени и прецизни податоци за прогнозрирање на температурата и врнежите“, рече миистерот. Индивидуалните земјоделци мора да се едуцираат за ефектите од климатските промени истакна директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стејн. Едукацијата ќе се спроведува и во рамки на Караванот, каде земјоделски експертите ќе одговараат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, ќе се прават стратегии и планови за прилагодување кон климатските проемени. Земјава, рече Стејн, е под влијание на потопла и посува клима, а со тоа е и повеќе подложна на појава на топлотни бранови, суши, поплави и град. притоа на земјоделците од овој реон им прпорачаа да инвстираат во заштитни мрежи за спас од град и надворешни влијанија, но и да се вложува во системот „капка по капка“. Вчера Димовски, беше и на чистењето на калалите во прилепско, каде исто така укажа на влијанието на климатските промени и последиците од нив, во прв ред поплавите со кои изминатиот период се соочуваа повеќе реони во земјава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?