26 Јуни, 2024
0.2776

СИСТЕМОТ НА ФЗОМ МОЖЕШЕ ДА СЕ ВРАТИ ЗА ЕДЕН ДЕН, НО АКО ИМАЛО СЕКОЈДНЕВЕН БЕКАП: Аматерски и целосно неодговорно се чувале податоците, ИТ експерт за Фактор

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Системот на ФЗОМ се уште е падни-стани потврдуваат за Фактор и дел од аптеките и дел од матичните лекари, а дека скоро, односно нецелосно е ставен во функција потврдија и првите луѓе на оваа институција на вчерашната прес-конференција. Но, одговори за тоа како е обезбедуван овој најважен систем во државата, директорката на ФЗОМ, Магдалена Филиповска Грашковска, нагласувајќи постојано дека не е ИТ експерт, не само што не сакаше да коментира како е вратен системот, дали е платен откупот кој го бараа хакерите, или пак им е платено на надворешни експерти за да го стават во функција, таа не кажа дали некој воопшто ќе сноси одговорност за огромната штета што е направена.

Фактор за да обезбеди повеќе одговори кои се однесуваат на заштитата на еден од најважните системи со дата податоци од државата, поразговара со ИТ експертот Дејан В. кој долги години работи во странство. Тој ја објасни и разликата меѓу серверите во кои сега се чуваат податоците на на ФЗОМ и што значи мигрирањето во клауд систем, притоа нагласувајќи дека никогаш не постои 100 процентна заштита од хакерски напади, но постои начин како може само за еден ден да се врати системот назад во функција.

- Сметам дека ФЗОМ ги чува податоците на сервери кои се кај нив, значи во самата институција, тоа е серверска соба и секако дека и тие имаат одредена заштита, но таму треба да имаат пристап само неколку луѓе кои мора максимално да се посветени за тоа да функционира беспрекорно. Хакерски напад може секако да се случи и никогаш не постои 100 процентна заштита, па дури и со клауд систем за што сега тврдат дека ќе ги мигрираат податоците. Тоа е во ред, бидејќи овој клауд систем се исто така сервери и станува збор за целосно автоматизиран систем, но физички не се во институцијата туку се на далечина од околу 100-тина километри и имаат двојна заштита. Закупот на клауд простор чини околу 50 до 60 илјади евра годишно. Она што сакам да го потенцирам е дека постојат две верзии случувањата во ФЗОМ. Упадот во системот е предизвикан или случајно или намерно. Случајно е ако кој било од вработените дозволил рамсомверот да влезе во системот отворајќи сомнителен мејл на службен лап топ или PC компјутер кои се приклучени на мрежата, но ако е тоа намерно направено, тогаш станува збор за нешто многу поголемо. Сепак, сакам да потенцирам дека без разлика за каков хакерски напад станува збор, за еден од најважните системи со дата податоци во државата мора да се прави бекап на податоците и тоа секојдневно, вели Дејан.

Истовремено, експертот појасни и што значи правење бекап, оценувајќи дека луѓето задолжени за серверите со најважните податоци во ФЗОМ се однесувале крајно аматерски и неодговорно, а искоментира дека за враќање на системот, кого и да ангажирале првите луѓе на институцијата, минимални се шансите да ја погодат лозинката, што значи дека најверојатно откупот е платен.

-Јас го работам токму ова, безбедност на податоци. И досега со колегите сме успеале да спречиме хакерски напади бидејќи на нашите мобилни телефони имаме и аларми кои ни укажуваат и најситен проблем на серверите. Она што е најважно е бекапот на податоците. Има компании кои тоа го прават на неделно, на месечно ниво, но и на дневна основа, особено ако станува збор за дата податоци за милиони луѓе, како што е сега случајот со ФЗОМ. Бекапот се прави на ленти и практично изгледа како ВХС лента од минатиот век. И тоа се чува. При ваков напад, а доколку постоеле ленти со бекапи, системот се враќа во функција за еден ден. Не верувам дека какви и да биле експертите кои се ангажирани да го вратат системот во функција дека успеале да ја погодат лозинката и да ги повратат енкриптираните податоци. Шансите се навистина минимални. Значи ФЗОМ и сите други институции и компании мора секој ден да прават бекап на лента, нагласува соговорникот на Фактор.

Инаку, на вчерашната прес-конференција не присуствушае ИТ експерт од ФЗОМ да даде детални објаснувања што и како се случило, а директорката Филиповска Грашковска не сакаше да коментира на голем дел од прашањата на новинарите заради тоа што е отворена истрага за целиот случај.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење