05 Декември, 2025
0.0364

Сите без работа правец Катар, правна рамка има, само треба да се најде компанија!

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2013 09:06

Добивај вести на Viber

И Македонија и Катар, двете земји го ратификуваа договорот за праќање македонски работници во странство. Имплементацијата на Договорот треба да создаде правна основа и рамка, како и услови и можност за невработените лица да обезбедат работа за определен период во Државата Катар. За периодот за кој се ангажирани работниците во Катар, се овозможува регулирање на нивниот работно-правен статус и обезбедување на заштита на нивните права од работен однос, односно договорот предвидува загарантирана месечна плата, 48-часовна работа недела, платени патни трошоци, годишен одмор од најмалку три недели, бесплатно сместување за самци. Сепак и покрај тоа што двете земји дадоа амин за догворот, досега ниту еден  македонски граѓанин не заминал на работа во Катар со ваков вид на договор. Според надлежните,  работодавците се уште не пројавиле интерес за вработување на македонски граѓани.
„И Катар го ратификуваше договорот, но се уште нема работодавачи од Катар кои што побарале да ангажираат работна сила од кај нас“, велат од Mинистерството за труд и социјална политика за Фактор.
Сепак изминативе години се зголемува бројот на македонски граѓани кои заминале на работа во Катар. Од Агенциите кои посредуваат при вработување велат дека оние што досега заминале на работа во Катар, најчесто се вработуваат во хотелиерскиот бизнис. Дури и исполнувањето на условите за работа во хотел за македонските граѓани може да се каже дека се тешки бидејќи се бара искуство во хотел со пет звезди, а кај нас сега има само еден таков хотел, посочуваат од Агенциите.
„Влегувањето во другите области е потешко бидејќи се бара богато интернационлано искуство од една страна ,а од друга страна не ретко работавците бараат и познавае на арапски јазик“, вели Зоран Кочовски од агенцијата Коузон.
Но, оние што заминале на работа во Катар доколку останат подолго време добиваат и бенефити за разлика од првите две години, кога условите што се добиват од работодавачот се само основни, а ако изминат повеќе години оној што ќе остане да работи во Катар, добива и поголеми можности.
„Најчесто во Катар заминуваат оние што имаат повеќе храброст. Најмногу се оние со средно образование, но има и со високо, сепак најголем дел од нив се невработени. Се уште Катар не се смета за атрактивна дестинација за работа бидејќи и платите се околу 800- 850 долари, објаснува Кочовски.
Кочовски дополнува и дека, платите се движат во таа граница бидејќи работодавачот има и дополнителни трошоци за вработениот, односно им се плаќа, авионска карта во еден правец, потоа сместување и храна, што дополнително ги зголемува трошоците на компаниите. Освен овој договор за упатување на македонски работици во оваа Арапска земја, премиерите на двете земји, Никола Груевски и Џабир Ал –Тани неодамна договорија зајакнување на економската соработка и можноста за инвестиции.  На делегацијата од Катар и биле претставени инвестициските можности во повеќе сектори. Сепак, засега конкретно беше најавено само отворањето на Амбасада на државата Катар во Скопје. Во потрага по инвестиции од Катар! Во потрага по инвестиции од Катар, беа повеќе делегации од земјава, едни предводени од  премиерот Никола Груевски, други од претседателот Ѓорѓе Иванов. Катарски бизнисмени ги посетија и министерот за финансии, Зоран Ставрески, министерот за економија, Ваљон Сараќини,  тогашниот вицепремиерoт за евроинтеграции, Теута Арифи како и вицепремиерот за рамковен договор, Муса Џафери. Се потпишаа серија меморандуми, се најавија милионски вложувања во земјава, но засега се уште нама никаков конкретен проект. Иако минатата година во мај катарски бизнисмени одблизу ја скенираа Македонија, конкретна најава за инвестиција не стигна. Но, и тогаш беа најавени опциите за отворање бензински пумпи и производни прехранбени фабрики, воспоставување директна авиолинија Доха-Скопје и инвестиции во рударство, туризам, недвижности, земјоделство и во енергетика. За време на таа посета претставниците на Qatar Investment Holding и на државната енергетска компанија Qatar Electricity and Water Company имаа неколку часовен состанок со сега веќе поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, каде се интересирале за докапитализација на ЕЛЕМ, преку влез во проектот Чебрен и Галиште. И додека Македонија чека на конкретна инвестиција, годинава Емирот на Катар, шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани беше во обиколка на Балканот, на Албанија, Бугарија, Полска.  Неодамна пак катарскиот премиер соопшти дека е одлучено земјата да инвестира и милијарда евра во заедничкиот фонд со Атина. Емирот на Катар, Хамад бин Халифа ал Тани си купил шест грчки островот во Јонското Море за сума од само 8,5 милиони евра, а освен оваа зделка во Грција, Катар пројавил  интерес за вклучување во приватизацијата на грчкиот аеродром „Елиником“. Најава за инвестиции стигна и во Хрватска, каде медиумите пишуваа оти Емирот на Катар сакал да вложи милијарди евра во изградба на терминал за течен природен гас на островот Крка. Но, исто италијанскиот државен инвестициски фонд „Фондо стратеџико Италијано“ во понеделникот потпишал вносен договор со „Катар холдинг“, со кој во наредните четири години катарски капитал во износ од над една милијарда евра и при тоа станува збор за заеднички вложувања. Истовремено Катар создаде инвестициски фонд од 12 милијарди за купување лоши пласмани во странство, во обид да профитира од слабоста на глобалните пазари. Н.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј