27 Јануари, 2025
0.0278

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ: Државник или “држалник“ (2)

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Некој смируваше, друг поттикнуваше кризи. Сите беа оспорувани, што покажува дека Македонија е длабоко поделено општество. Различни се оценките на експертите, аналитичарите, невладиониот сектор за тоа кави државници ја водеа или водат земјата. Но сите се едногласни дека на претседателскиот трон треба да седи “татко“ на нацијата а не “татко“ на партијата. “Фактор“ анкетираше луѓе од различни фели и ги пренесуваме нивните ставови.

На граѓаните им треба државник – а не партиски привезок ..

Длабоката поделеност во општеството, пред се по партиска  основа и партиски ги бои и претседателските мандати, коментираат експертите. Но она што според нив е значајно е колку, дали и кои од досегашните претседатели успеаваа да ги смират разгорените политички страсти или придонесуваа кон нивно разгорување.

“Кога размислувам за сите досегашни претседатели на Македонија, две работи ми паѓаат на ум. Првата е дека никој од нив не бил признаен од опозицијата. Глигоров и Црвенковски беа оспорувани од страна на Вмро-Дпмне, а Трајковски и Иванов од страна на СДСМ. Тоа е всушност добро потсетување за тоа дека отсекогаш сме биле длабоко поделено општество по партиска линија и дека, како општество, никогаш не сме имале доволно демократски капацитет. Втората работа која ја забележувам е дека и од тоа кој е претседател на државата е евидентно дека тонеме сите овие 25 години. Глигоров, со сите негови маани, е светлосни години пред Иванов во било кој поглед. Глигоров упати предлог за донесување на Уставот, Иванов Уставот грубо го прекрши. Глигоров смируваше кризи, Иванов продуцираше“ - вели за “Фактор“ аналитичарот Бранимир Јовановиќ.

Од осамостојувањето до сега, на претседателскиот трон седнаа четворица државници. Зад себе сите на свој начин оставаат белег, но заедничко е што сите изборни циклуси беа оспорувани од политичкиот противник. Па така, Бранко Црвенковски од страна на Вмро-Дпмне беше наречен “Лицето Б.Ц“, починатиот Борис Трајковски пак од страна на СДСМ, на почетокот од мандатот беше нарекуван “Граѓанинот Борис Трајковски“. Партијата на Али Ахмети, ДУИ ја оспори легалноста на сегашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

“Според член 79, став 1 од Уставот, претседателот на Република Македонија ја претставува Републиката. Правносоциолошки гледано, Републиката како држава е организација на граѓани. Тоа значи дека Претседателот ги претставува граѓаните на Републиката без оглед на нивните политичи определби и погледи, национална, верска и друга припадност. Тој е претседател на сите граѓани, без оглед на тоа која политичка партија или коалиција го кандидирала и чие членство гласало за него. Тој како дел од извршната власт треба да им служи подеднакво на сите граѓани. Никако не смее да се стави во улога на сервис на одредена политичка партија како што е случајот со актуелниов претседател“ - оценува универзитетскиот прфесор Темелко Ристески.

Она што е значајно е какви успеси или неуспеси оставаат претседателите зад себе, на тој начин директно учествувајќи во градењето на иднината на државата.

“Акo Претседaтелoт Кирo Глигoрoв oстaнa зaпaметен вo мaкедoнскaтa истoријa пo успешниoт дoгoвoр сo тoгaшнaтa ЈНА зa пoвлекувaње oд прoстoрите нa Мaкедoнијa без никaкoв инцидент, aкo претседaтелoт Бoрис Трaјкoвски свој впечaтoк oстaви сo Рaмкoвниoт дoгoвoр и сo нaпoрoт Мaкедoнијa дa биде мултиетничнa земјa и да стане дел oд ЕУ и НАТO и aкo претседaтелoт Брaнкo Црвенкoвски кaкo последен oд низaтa нa успешни претседaтели, мaкедoнските граѓани гo пaметaт пo дoбивaњетo нa кaндидaтски стaтус нa Мaкедoнијa вo ЕУ, тoгaш пo штo ќе гo пaметиме Ѓoрѓе Ивaнoв? Пo ништo дoбрo сигурнo, ќе гo пaметиме кaкo претседaтел кoј нa официјалнo фaлсификувaни избoри стaнa "Претседaтел", пo срaмнaтa aбoлицијa, пo oдлукaтa зa недoделувaње мaндaт, пo свеснoтo блaмирaње нa Мaкедoнијa вo земјите oд светoт. Жaлaм штo Мaкедoнијa не прoдoлжи дa oди нaпред туку oдлучи дa се врaти двa чекoри нaзaд. Дa се нaдевaме декa мнoгу брзo ќе дојде мoментoт кoгa Мaкедoнијa ќе расчисти сo криминалот и криминaлците и ќе пoчне дa се движи кoн ЕУ и НАТO“ - вели активистот за човекови права и претставник на невладиниот сектор Алек Гочев.

Кога одлуките на претседателот ја исцртуваат иднината на земјата...

Сега, во фокусот на јавноста е актуелниот преседател Ѓорѓе Иванов кој со своите одлуки практично ја исцртува иднината на земјата. Според Гочев, сегашниот претседател има удел во дополнително влошување а не разрешување на политичката криза.

“Актуелниот претседател не е претседатгел на ВМРО -ДПМНЕ туку сервис на таа партија или попрецизно кажано сервис на владечкатга гарнитура од таа партија која се оддвои од граѓаните и наместо да биде нивни сервис се претвори ва сервис на самата себе. Користејќи ја таквата позиција, владечкатга гарнитура од ДПМНЕ максимално ја злоупотребува власта за лични и партиски цели“ - вели професорот Ристески.

Одлуките на претседателот Иванов за аболицијата а сега и недоделување на мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев различно беа толкувани од страна на научната фела и воопшто на јавноста.

“Ѓoрѓе Ивaнoв имaше oгрoмни шaнси дa биде вистински тaткo нa нaцијaтa, дoсегa му се пружијa oгрoмен брoј нa мoжнoсти вo кoи тoј мoжеше дa се спротистави нa "рaзнебитувaњетo" нa Македонија. Ивaнoв изгледa зaбoрaвa дека кaкo Претседaтел нa Македонија тoј е Претседател нa сите грaѓaни a не сaмo нa Мaкедoнците, впрoчем тoј дoкoлку сaкaше дa ги зaштити Мaкедoнците, јaзикoт и држaвaтa тoгaш не требaше дa ги пoтпише зaкoните сo кoи Сoбрaниетo вo 2011 ги амнестираше хaшките случaи и измените нa зaкoнoт зa јaзиците, сaмo тaкa Ивaнoв ќе мoжев дa гo разберам сo пoследнaтa oдлукa зa недoделувaње нa мaндaт. Нo пoзaди oвaa oдлукa зa жaл не се рaбoти ниту зa држaвaтa ниту зa јaзикoт нити зa нaцијaтa, тукa се рaбoти единственo зa зaштитa нa врхушкaтa вo ВМРO-ДПМНЕ кoјa пo секoјa ценa Ѓoрѓе Ивaнoв требa дa ги спaси oд oдгoвoрнoстa зa криминaлoт и врaќaњетo нa укрaдените пaри oд Македонија“ - вели Гочев.

Инаку преседателот Иванов го ситни вториот мандат. Привиот го доби како “независен“ кандидат а за следниот изборен циклус беше номиниран од страна на Вмро-Дпмне. Експертската јавност има различни мислења за улогата и постапките на Иванов. Дел од експертите сметаат дека тој со досегашните потези покажа државнички став, особено откако одби да го додели мандатот на Зоран Заев. Оваа група на експерти оценуваат дека на ваков начин претседателот ги штити државните интереси и сувереноста на земјата. Неодамна преседателот Иванов изјави:

“Ниту Уставот ниту совеста не ми дозволуваат да го дадам мандатот на секој оној кој го руши суверенитетот и независноста на Република Македонија. Македонските граѓани на изборите гласаа за партиски програми а не за постизборна платформа на туѓа држава“ - изјави претседателот Иванов.

Дел од универзитетските професори оценуваат дека потезите и одлуките на претсeдателот можат да бидат одлучувачки во одредени историски моменти за државата.

“Претседателот на Републката во демократското општество може значително да влијае на демократсктие процеси. Како Претседател на сите граѓани тој може да биде ефикасен катализатор на тие процеси и насочувач на тие процеси кон остварување на целите на уставниот предок на Републиката утврдени со Прембулата на Уставот. За жал нашите досегашни претседатели не се ставија во потполност во улога на сервис на граѓаните. Сите , некој повеќе, некој помалку покажува наклонетост кон политичките групаци кои ги кандидираа и стоеја зад нив на изборите. Висок степен на државничка мудрост покажуваше претседатлеот Глигоров кој вешто баланасираше меѓу политичктие субјекти. Одреден степен на независност од својата партија покажа Претседателот Трајковски. Актуелниот претседател мислам дека не и служи ни на партијата, односно коалицијата која го кандидираше, туку е само сервис на криминализираната врхушка на таа партија“ - вели професорот Ристески.

Д.А.

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ:Татко на нацијата или на партијата?


Можеби ќе ве интересира

УПОТРЕБИЛА ТЕРМИН „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: МАЕИ бара јавно извинување oд албанската амбасадорка во Софија

УПОТРЕБИЛА ТЕРМИН „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: МАЕИ бара јавно извинување oд албанската амбасадорка во Софија

ПОКРОВИТЕЛ Е РАДЕВ: Со бугарски и македонски уметници во Софија ќе бидат одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

ПОКРОВИТЕЛ Е РАДЕВ: Со бугарски и македонски уметници во Софија ќе бидат одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Стоилковиќ објави фотографии: Министерско БМВ од 60.000 евра „размонтирано“ на сервис

Стоилковиќ објави фотографии: Министерско БМВ од 60.000 евра „размонтирано“ на сервис

ГОРЕЛЕ ГУМИ, ИВЕРКИ, ОТПАДНИ ДАСКИ: „Паднаа“ казни и опомени

ГОРЕЛЕ ГУМИ, ИВЕРКИ, ОТПАДНИ ДАСКИ: „Паднаа“ казни и опомени

РАЗОЧАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР: Амбасадата на САД ги запре сите проекти во земјава, нема пари ни за почнатите

РАЗОЧАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР: Амбасадата на САД ги запре сите проекти во земјава, нема пари ни за почнатите

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација