29 Септември, 2024
0.0248

„Сите ние сме Драгиша Миленковиќ“ - со оваа порака Србите пак протестираа на Косово

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Србите на Косово и денеска протестираа затоа што вчера косовската полиција уапси Србин за наводни воени злосторства. Тие се собраа пред полициската станица во Грачаница на протест поради вчерашното апсење на Драгиша Миленковиќ.

Насобраните со себе носеа транспаренти на кои пишува „Сите ние сме Драгиша Миленковиќ“, „Стоп за криминализацијата на Србите“, „Ослободете го нашиот невин народ“, „Правда за српскиот народ“. 

На собирот се обратија директорот на Центарот за култура Грачаница, Живојин Ракочевиќ и лекарката Наташа Прентиќ. Нов протест е закажан за утре напладне.

Вчера додека траеше протестот, Албанец со возило влета во толпата и повреди еден маж. 

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека загрижувачки се вестите кои доаѓаат од Косово. Постои и вознемиреност, затоа што големи се можностите за посериозна ескалација со човечки последици. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денеска ќе отпатува за Брисел, но на средба со европскиот политичар Жозеп Борел, а не и со косовскиот премиер, Албин Курти.

Србија бара Косово да ги ослободи уапсените Срби, а Косово пак бара од Србија да ги пушти тројцата косовски полицајци кои неодамна беа уапсени во централна Србија. 

фото социјални мрежи

Можеби ќе ве интересира

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон