СИТЕ ОЧИ ДЕНЕС И УТРЕ ВПЕРЕНИ ВО ЊУЈОРК: Нова рунда разговори за името
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 08:55
Њујорк денеска ќе биде местото каде ќе се одржи нова рунда преговори за името меѓу македонскиот и грчки министер за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас заедно со посредникот Метју Нимиц.
Од владата како што соопштија остануваат на ставот за предлогот „Илинденска Република Македонија“ додека Коѕијас во пресрет на денешната нова рунда разговори бара Македонија да покаже прагматизам и реализам за решение.
Коѕијас кажал дека има силна војла за решение, но дека ниту е оптимист, ниту песимист.
И Грчките опозициски партии се јавија со критики до Владата за прашањето за името
„Република Илинденска Македонија“ е симбол и олицетворение на иредентизмот според грчките опозициски партии Нова демократија и Демократската коалиција.
Лидерите на овие две партии, Кирјакос Мицотакис и Фофи Генимата, при расправата во грчкиот Парламент посветена на економијата, го споменаа и прашањето за името и упатија остри критики до грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Алексис Ципрас, вчера одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија во врска со името „Република Илинденска Македонија“, рече дека Грција преговара врз база на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц.Можеби ќе ве интересира
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта




