Сите скопските семафори ќе се регулираат од едно место
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2013 18:19
Се прави новиот центар за сообраќај во Град Скопје. Во текот на ова лето се очекува од Центарот да почне да се регулира работата на 30 крстосници, а до крајот на годинава да се поврзат 90 крстосници.
„За таа цел, на околу 90 крстосници во коловозот ќе бидат инсталирани детекторски индуктивни јамки, кои ќе бројат и детектираат возила, ќе бидат поставени 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните текови и ќе бидат инсталирани 47 нови семафорски контролери. За меѓусебно поврзување на крстосниците, како и нивно поврзување со Центарот за управување и контрола на сообраќајот е предвидена оптичка мрежа која треба да овозможи пренос на податоците до Центарот и обратно. Со формирањето на Центарот предвидено е воведување на адаптивна контрола на сообраќајот на околу 90 крстосници. Тоа значи дека во иднина, светлосните сигнали на овие крстосници ќе работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото време нема да биде фиксно како што е денес, туку ќе биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку детекторските индуктивни јамки“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Проектот е финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 2,6 милиони евра. Изведувач на работите е СВАРКО СИСТЕМС од Германија со подизведувачот ЕЛКОМ КОНСТРАКШН од Скопје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





