14 Ноември, 2024
0.0252

Сите трендови кај модните додатоци во новата колекција на Parfois

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Веројатно знаете дека ниту една летна комбинација не може да помине без соодветните модни додатоци, а кога говориме за истите, постои еден бренд што ги има најубавите -  Parfois!

Деновиве владее вистинска летна атмосфера во градот, па не постои посоодветен момент за претставување на новата колекција на брендот во која дизајнерите ги вклучија најлетните парчиња облека и модни додатоци.

Повеќе од сигурно е дека најголемиот тренд оваа топла сезона се сламените чанти и додатоци, па токму тие се на пиедестал во новата колекција, дополнително украсени со детали во јаки бои, токму онака како што му доликува на летото.

Она на што знаеме дека нема да може да му одолеете се и кошулите и фустаните во совршен летен принт, со мотиви какви што сите сакаме да носиме во топлите денови.

Кошулите, без размислување ги комбинираме со тексас бермуди со висок струк, џинс со искинати детали или пак некое широко здолниште со шик принт за mix & match.

Речиси сите чанти од новата колекција на Parfois се ултра практични и повеќенаменски, па така, не двоумете се и комбинирајте ја за на работа, за на плажа или пак за лежерните прошетки.

Секако, во согласност со трендовите, брендот и овојпат понуди супер интересни мини чантички за вечерните излегувања, сосема соодветни и за свечените прилики што се пред нас.

Подеднакво привлечни и ултра освојувачи се и сите парчиња од колекцијата накит во која брендот вметна впечатливи обетки во разни форми и нијанси, но и колоритни со мониста кои се како создадени за безгрижните денови на плажа.

Високите температури знаат да бидат навистина предизвикувачки, па затоа без мислење одберете и некој од фустаните со потпис на Parfois, но и од марамите со најубавите летни мотиви како совршен сојузник на вашиот костим за капење.

Целата колекција на брендот ја гледате на следниов линк https://bit.ly/3xmy4L8 , но и во продавниците на Parfois!


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

РЕКОРДНИ 72.647.378 ДЕНАРИ ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО ОКТОМВРИ

РЕКОРДНИ 72.647.378 ДЕНАРИ ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО ОКТОМВРИ

„Вештачка интелигенција во бизнисот – AI in Business“ е новиот модул на A1 Academy

„Вештачка интелигенција во бизнисот – AI in Business“ е новиот модул на A1 Academy

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ

Нептун по стапките на eвропските и светски малопродажни ланци - Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

Нептун по стапките на eвропските и светски малопродажни ланци - Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

Промени во менаџментот на Кроациа осигурување АД Скопје - друштво за осигурување живот

Промени во менаџментот на Кроациа осигурување АД Скопје - друштво за осигурување живот